За транспортот во Европа да се покрие со електрични камиони се доволни само 1.000 брзи полначи

Германскиот институт Фраунхофер во заедничка студија со огранокот на моќникот Амазон што развива напредни технологии, пресмета колку брзи полначи ќе биде доволно да се постават долж транспортните рути низ Европа, за да се покрие транспортот со електрични камиони во 2030 година.

За 2030 година се предвидува дека обемот на транспорт на стока со електрични камиони ќе достигне 1,6 милион комбинирани тури. Институтот Фраунхофер, со користење на софтверската алатка Шалет на Амазон, разгледуваше 20.000 можни локации за поставување полначи долж европските автопатишта. Резултатите од студијата покажаа дека ќе бидат доволни само 1.000 јавно достапни станици со брзи полначи од по еден мегават, за да се покријат 91 проценти од очекуваниот сообраќај со електрични камиони.

ЕУ веќе има донесено одредба што ги обврзува државите да постават одреден најмал број станици со брзи полначи за електрични камиони. За Германија, на пример, Унијата одредува да постојат најмалку 300 станици со брзи полначи за камиони. За цела Европа, минимумот е 2.000 такви станици.

За одредување на неопходниот број полначи со коишто ќе се обезбеди беспрекорно одвивање на електричниот камионски транспорт, засега се користат само приближни предвидувања, затоа што отсуствуваат конкретни податоци во поголем обем.

Институтот изработи мрежа од полначи со места на коишто ќе биде соодветно да се постават брзи полначи. Станува збор за детална студија, којашто меѓу другото земаше предвид и дали некои од постоечките одморалишта ќе може да се прошират и да се снабдат со полначи, односно да се донесе струја до истите.

Со 1.000 станици со брзи полначи се покрива речиси целиот транспорт со електрични камиони ширум Европа

Се предвидува дека уделот на електричните камиони во вкупниот камионски транспорт во 2030 година ќе изнесува 15 проценти. Според резултатите од студијата, доволни ќе бидат само 1.000 станици, за да се покријат 91 проценти од рутите што ги минуваат камионите ширум Европа. Тоа е далеку од минималниот број на станици што го предвидува ЕУ. Во студијата е земен податок дека електричните камиони постигнуваат досег од 400 километри. Тоа е мошне конзервативен пристап, затоа што некои камиони со нов вид батерии уште сега го надминуваат тој досег.

Прво главните транспортни јазли, а потоа поставување полначи по споредните рути

Др. Патрик Плоц, директор на огранокот за енергетско стопанство на Институтот Фраунхофер и автор на студијата, посочува: „Новите локации мораат да располагаат со доволна моќност на мрежата, при што за некои од нив ќе биде потребен капацитет до 12 мегавати, за да се снабдат до 20 МЦС-приклучоци.“

Најновиот електричен автомобил што беше на тест во Аутомедиа

Претходна објаваПолстар, електро-марката на Волво, одбива да ги врати хибридите во понуда
Следна објаваПоплава кај добавувач ги остави Јагуар Ланд Ровер и Порше без алуминиум

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here