Џип Авенџер е најпродаван СУВ на италијанскиот пазар годинава

Ако не е Фиат Панда и ако не е Ланчиа Ипсилон 500, тогаш е голема веројатноста дека ќе биде Џип Авенџер. Така избираа италијанските возачки и возачи во првите седум месеци од годинава. Точно е дека до 5-то место се вмешуваат уште Дачиа Сандеро (на 2-то место) и Ситроен Це-3 (трето место), меѓутоа Авенџер е тој што е новак, и во понудата на Џип и воопшто на пазарот, и со тоа повеќе привлекува внимание неговиот успех.

Џип Авенџер, најмалечкиот модел на култната марка од САД – иако тој со димензиите е мошне блиску до Чероки од 1980-те – е петтиот најпродаван модел на италијанскиот пазар во првите седум месеци од годината. Во одбрана на неговата марка, тој е воедно и најпродаван СУВ на просторите од Аоста до Калабрија годинава.

Продажбата од јануари до јули му го донесе на Авенџер 5-то место, со продадени 24.033 примероци, помалку само од Ланчиа Ипсилон (27.500), Ситроен Це-3 (28.860), Дачиа Сандеро (39.745) и Фиат Панда (71.383 примероци).

Во споредба со минатата година, Аџенџер напредувал за близу 150 проценти и со тоа се издвојува како еден од двата модели во Топ 50, што постигнал удвојување на продажбата. Единствено уште Тојота Ајго има зголемување од преку сто проценти (108,5%).

Дури и Тојота Јарис Крос, еден од „најбрзите“ пазарни тркачи на целиот европски пазар, заостанува едно место зад Мини Гранд Чероки. Од конкурентите во Б-СУВ сегментот, Авенџер ги престигна Рено Каптур, Фолксваген Т-Рок, Дачиа Дастер, Форд Пума, Пежо 2008 и Фолксваген Т-Крос.

Секако дека Авенџер го одбрани насловот на Автомобил на 2023 година во Европа, иако голем удел во собирањето бодови донесе електричната изведба. Концернот Стелантис реши уште рано да не го пушта електричниот Џип да се бори сам за купувачи, туку му ја придружи изведбата со класичен погон. Тоа носи бројки во продажбата, тоа го сакаат луѓето.

Изведбата со 1,2-литарец со 100 КС и мануелен менувач беше на тест возење во Аутомедиа и покажа дека класичните вредности остануваат на цена. Покрај неа, во понуда е изведба со благ хибриден погон и 136 КС, со електромотор вграден во менувачот со двојна спојка, способност за самостојно да го движи возилото на кусо растојание. Третата изведба секако е целосно електричната верзија, за којашто Џип не објавува колкав удел постигнува во продажбата на италијанскиот пазар.

Кон завршетокот на годината ќе дојде и моделот што буквално ќе ја круниса понудата, со втор електромотор назад и со погон на сите тркала, со ознаката 4-икс-е.

Видеото од тестот на Џип Авенџер 1.2 со 100 КС и мануелен менувач

Претходна објаваПоплава кај добавувач ги остави Јагуар Ланд Ровер и Порше без алуминиум
Следна објаваТесла Сајбертрак само над 100.000 долари, основната изведба е избришана

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here