Досегашниот појдовен модел во понудата на Џип, Ренегејд, мора да го отстапи своето место на друг модел. Тоа место сега му припаѓа на Авенџер. Ренегејд и Авенџер имаат слична големина, но се два сосем различни модели, со различна мисија. Посебноста е во тоа што Џип паралелно ќе ги нуди двата модели.
Џип нема намера, а уште помалку потреба за некому да се осветува, со изборот на името на својот нов појовен модел, Авенџер, што на англиски значи токму осветник. Американската култна марка сигурно не мисли да им се осветува на своите проект менаџери, за некаква погрешна процена за пазарот за Ренегејд, затоа што моделот постигнува мошне солидна продажба.
Името Авенџер повеќе би требало да води кон познатиот филмски серијал, со „најмоќните херои на планетата“. Херојството на новиот модел е во снаоѓањето во градкиот метеж, во излегувањето во пресрет на барањата за одржливост и спречување на климатските проимени, во дигитализацијата и во интернетот во автомобилот. Затоа, Авенџер е херој.
Во дизајнот, новиот модел прикажува малку помеки и помазни форми, но само во споредба со Ренегејд. Маската со седумте отвори јасно укажува за што станува збор, и задните светла верно го следат стилот на Џип, опашот во профил ги има истите црти со Компас и компанија.
Симпатично е тоа што на многу места по целото возило се гледаат, или поточно се откриваат обележјата на Џип. Иконската форма на маската е втисната во мала плочка во предниот браник, се забележува и во задните светла, врз таблата со инструменти. Сето тоа изгледа мошне забавно кога ќе се забележи првпат, а веројатно и сопствениците долго ќе се радуваат кога во секојдневието одново ќе ги забележуваат сите деталите.
Внатрешноста е средена фино, со спој од ретро елементи, како што е долгиот отвор за воздух горе во таблата, со напредни елементи, како што е редицата прекинувачи во средишната конзола или прекинувачот за електричната паркирна сопирачка.
Прашањето е, зошто Џип нуди два модели со слична големина. Ренегејд е конструиран и осмислен во времето пред Фиат Крајслер да се спои со ПСА. Тој ја дели платформата со Фиат 500 Икс, италијански „стилски болид“. Предноста на Ренегејт/Фиат 500 Икс е во тоа што платформата дозволува и верзии со погон на сите тркала. Уште една предност е постоењето верзија со приклучен хибриден погон.
Авенџер, пак, користи платформа на ПСА, односно механиката и подната група се слични со Пежо 2008, Опел Мока, Ситроен Ц4. Неговата предност е во електрификацијата. Џип масовно ја електрифицира својата понуда со верзијата на Авенџер што целосно користи електричен погон. За пазарите што побавно напредуваат во таа насока – а во време на инфлација и економска неизвесност, многу повеќе пазари „забавуваат“ – култната марка од САД ќе го нуди Авенџер како добар и вреден бензинец, со 1,2-литарски мотор со 100 КС.
Технички податоци, опременост и цени на Џип Авенџер во нашиот онлајн-каталог со сите нови автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК
Понудата во Аутомобиле СК во моментов ја сочинува една моделска изведба, односно една комбинација од мотор и опременост, со цена од 27.550 евра. Авенџер со мотор од 1,2 литар со 100 КС доаѓа во комбинација со средното ниво на опременост Алтитуд. „Средно“ кај марката од САД значи многу: Дигитални инстурменти, приспособлив темпомат, електрична паркинг сопирачка, тркала од лесен метал, безжичен полнач за телефон, пристап и старт без клуч, инфо забавен систем со дисплеј од 10 инчи и навигација, задна камера и сензори, автоматски клима уред секако.
View this post on Instagram















