Кои се седумте финалисти во изборот на автомобил на 2026 година во Европа

Откако во изминатите години победуваа електрични автмобили, во финалето за 2026 година не се најде ниту еден модел што вози само со обичен погон.

Од седумте модели, два се нудат само како електрични модели, три се достапни или на струја или на бензин, додека едниот сé уште се потпира на класика, но и тој е достапен како хибрид.

Жирито составено од 60 членови од 23 европски држави, решаваше меѓу 35 новитети и избра во завршниот дел од изборот на автомобил на годината во Европа да продолжат седум модели.

Единствениот избор на автомобил на годината што ја засега пошироката јавност влегува во завршниот дел. Од 35 модели што пристигнаа нови на сцената во изминатите 12 месеци, ценетото жири избра седум модели што ќе продолжат во трка за Автомобил на 2026 година во Европа.

Во септември, кандидатите го минаа своето прво поголемо тестирање во Данска, на Танисест, по што можеше да се издвојат седумте најубедливи автомобили.

По азбучен ред, седумте финалисти се

  • Дачиа Бигстер (бензин, автогас, хибрид)
  • Киа ЕВ4 (само електро)
  • Мерцедес-Бенц ЦЛА (електро, благ хибрид)
  • Рено 4 (само електро)
  • Ситроен Ц5 Еркрос (електро, благ хибрид)
  • Фиат Гранде Панда (електро, благ хибрид, бензин)
  • Шкода Елрок (само електро)

Во следните неколку недели, жирито ќе изврши најтемелно тестирање на кандидатите и соодветно ќе ги оценува возилата според покажаното.

Следно одредиште е тестирање на патеката Парк Мотор Кастелоли во Шпанија, по што жирито веќе ќе ги има заокружено своите мислења за најдобриот нов автомобил во Европа за 2026 година.

Овој дел од обемното тестирање првпат ќе се одржува во Шпанија, за да се искористи доброто време и воедно да се тестира возењето по најразлични подлоги по патиштата во близина на планината Монтсерат, во близина на Барцелона.

[the_ad id=”85764″]

За моделите што ќе ги убедат најмногу, членовите на жирито имаат вкупно 25 бодови, од кои најмногу 10 можат да дадат за своите фаворити, со тоа што мораат да гласаат најмалку за пет од седумте финалисти.

Лани победи електро-двоецот Рено 5/Алпин А290, над шест соперници: Алфа Ромео Јуниор, Ситроен Ц3/еЦ3, Купра Терамар, Дачиа Дастер, Хјундаи Инстер и Киа ЕВ3.

Веднаш зад 353-те бодови на Рено/Алпин, следеше Киа ЕВ3, со 291 бодови, а по нив Ситроените со 215 бодови. Четврти беше Хјундаи (172)м, петта Дачиа (168), шеста Купра (165) и седма Алфа Ромео (136).

Победникот во изборот за Автомобил на 2026 година во Европа ќе биде соопштен на посебна свеченост воочи отворањето на салонот во Брисел на 9-ти јануари.

Претходна објаваКонцернот на Пежо и Фиат го зголеми прометот, но претстојат неизвесни времиња
Следна објаваШефот на Мерцедес очекува раст на пазарот во САД и покрај царините на Трамп

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here