за

Италијанскиот пазар на електрични автомобили расте десеткратно

smart fortwo vozenje
smart fortwo vozenje

Февруарските бројки од продажбата на италијанскиот пазар се очекуваа со нетрпение, откако електричните автомобили имаа одличен старт во јануари. Трендот не само што продолжува, туку и се засилува. Новиот рекорд, значи дека продажбата на возила на струја, во февруари се зголемила десетпати во споредба со истиот месец лани.

Италија деновиве се спомнува повеќе во друг контекст. Но, во меѓувреме, статистиките за продажбата на возила во минатиот месец, пристигнаа. Електричните автомобили постигнаа рекорд, со новорегистрирани 2.530 чисто електрични возила во Италија во февруари. Во споредба со истиот месец лани, тоа е десеткратно зголемување на продажбата. Дури и во споредба со првиот месец од годинава, кога беа продадени 1.943 возила на струја, во февруари се продале за 30% повеќе електромобили. Тоа се случува во време кога целиот февруарски пазар е во пад од 8,4 проценти, со 164.000 продадени автомобили.

Добро напредуваат и плагин-хибридите, со 1.219 возила, наспроти 269 возила лани. Италијанските возачки и возачи сепак се интересираат помалку за овој вид на погон, иако понудата од модели е многу поголема.

Дизелите продолжуваат со негативниот тренд. Нивната продажба во февруари била за 30 проценти послаба отколку во истиот месец лани. Пазарниот удел во првите два месеци изнесува 34,8 проценти, наспроти 45 проценти во 2019 година.

Во конкуренција на модели, Renault Zoe останува на врвот, но сега е следен од Volkswagen e-up. Во јануари, второто место му припаѓаше на новиот Peugeot e-208. Познавачите ценат дека освежениот VW e-up ќе продолжи да напредува. Не е голем заостатокот на Smart ForTwo. Уште е рано да се прогнозира дали овие модели ќе останат во битка за најпродаван електричен автомобил на италијанскиот пазар до крајот на годинава. Во игра се враќаат Tesla Model 3 и Nissan Leaf, а во Топ 10 во минатиот месец се појавија и Mini Cooper SE и Opel Corsa-e.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шоферска служба минала 5.000.000 km со водородни Toyota Mirai

Шоферска служба минала 5.000.000 km со водородни Toyota Mirai

mitsubishi eclipse cross black sam

Mitsubishi Eclipse Cross во издание на „Црниот Сем“ во Мак Аутостар