Хонда ги смени плановите, помалку електрични, повеќе хибриди

Извршниот директор Тошихиро Мибе при објавувањето на новиот бизнис план на 20-ти мај во Токио. Како причини за промените, тој ги наведе пазарната политика и полабавите закони за животна средина.

Јапонскиот производител ќе вложи 30 проценти помалку од првично планираната сума за развој на електрични возила и софтвер до завршетокот на деценијава. Место тоа, Хонда ќе се префрли на хибридни возила, со најава за нова генерација на хибриден погон во 2027 година.

Вториот најголем производител на автомобили во Јапонија по промените проценува дека во 2030 година ќе продаде 700.000 до 750.000 електрични возила. Во планот што беше објавен лани, тој обем беше неколкупати поголем, односно се предвидуваше годишна продажба од 2 милиони електрични возила. Наспроти тоа, за продажбата на хибриди се очекува бројка од 2,2 милиони возила, двапати повеќе отколку што се планираше досега.

Извршниот директор Тошихиро Мибе ги објави плановите на 20-ти мај, за време на годишниот брифинг на компанијата. Тој наведе дека за развој на електрични автомобили и софтвер ќе бидат наменети 7 билиони јени (48,3 милијарди долари), место 10 милијарди јени.

Вкупната планирана инвестиција сепак не се менува, затоа што Хонда ќе вложи повеќе во хибриди, во мотори со внатрешно согорување и во поширока примена на системи за асистенција во возењето.

Како причини за промената на плановите, Мибе ги наведе поблагите закони за заштита на животната средина во САД и Европа, како и новата трговска политика.

Мибе понатаму напомена дека побарувачката за електрични автомобили ќе трпи удар од сменетите закони за заштита на животна средина во време на администрацијата на Трамп, потоа од очекуваното спуштање на стандардите за економичност и исто така очекуваното укинување на субвенциите за електрични возила во САД. Сменетата политика во САД ќе ја врати побарувачката за електрични возила на ниво од пред пет години.

Хонда вложуваше во ЕВ повеќе од кој било друг јапонски производител. Единствено Хонда постави план да престане со производство на модели со мотор со внатрешно согорување, по 2040 година. Тој план не се менува, меѓутоа засиленото префрлување кон ЕВ според новиот план ќе почне во средината на 2030-те. Првиот ЕВ од нова генерација ќе биде пуштен во продажба в година.

Honda e премиера Франкфурт
Хонда немаше среќа со електричното градско мини што беше пуштено во продажба уште во 2019 година. Слика од премиерата на ИАА Франкфурт

Компанијата ги откажа и планираните инвестиции во производство на ЕВ во Канада, по неизвесноста што се создаде откако администрацијата на Трамп воведе нови царини што важат и за Канада и Мексико.

Хонда не соопшти колкава продажба очекува да постигне во 2030 година, меѓутоа на прикажаниот графикон за светската продажба, одвај дека се забележуваше раст кон завршетокот на деценијата.

Место претходните прогнози, со коишто ЕВ ќе учествуваат со 30% во вкупната продажба во 2030, сега очекувањата се 20 проценти. Тоа значи продажба од околу 700.000 електрични возила. Соодветно на тоа, и вкупната продажба на возила на Хонда кон завршетокот на деценијава ќе порасне незначително на 3,75 милиони возила.

[the_ad id=”85764″]

Хонда има големи очекувања од новиот хибриден погон во 2027 година

Растот ќе доаѓа од хибридите. Во 2027 година, Хонда ќе почне да пушта во продажба со серијата нови модели со хибриден погон, вкупно 13 до завршетокот на деценијата.

Новата генерација хибриди ќе троши 10% помалку гориво во споредба со претходната генеација од 2018 година. Мибе најави и дека трошоците за нивно производство ќе бидат намалени двојно.

Во минатата година, Хонда продаде 64.444 електрични автомобили, што е трипати повеќе во споредба со 2023 година. Во САД се продадоа повеќе ЕВ отколку во Кина. Тоа е заслуга на новите Хонда Пролог и Акура ЗДИкс, што се развиени заеднички со Џенерал Моторс. На пазарите во Северна Америка се продадоа 40.308 електрични автомобили, во Кина 11.450 возила.

Хибридите се продаваат далеку подобро

Наспроти тоа, Хонда во 2024 година испорача на светскиот пазар 868.265 хибриди, што е 23 проценти од вкупната продажба на марката. Од тоа, 308.000 возила се продадоа во Северна Америка.

Јапонскиот производител лани продаде за 4,6 проценти помалку возила во споредба со 2023 година, односно 3,81 милиони возила.

Претходна објаваДонгфенг надмина извоз од 10.000 возила месечно, се шири пазарот
Следна објаваЛани во светот се продадени 17,5 милиони електрични автомобили, нов рекорд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here