за

ЕУ ја зголемува царината за Harley-Davidson на 56 проценти

Шефот на Harley-Davidson, Јохен Цајц, искажува остри критики за трговската војна со високи царини меѓу ЕУ и САД.

L O H Ladies of Harley Sobir

Јохен Цајц, актуелен шеф на Harley-Davidson, кој 18 години ракводеше со спортската марка Puma, предупредува дека трговската војна меѓу Европа и Америка мора да престане, поради тоа што „се нанесуваат многу реални штети“. Тој ќе бара судовите да решаваат околу високите царини.

Традиционалниот американски производител на мотоцикли Harley-Davidson ќе поведе правна постапка против зголемената стапка на царините на ЕУ. Стапката на увозната царина за мотоциклите на култната марка во јуни ќе се зголеми од 31 проценти на 56 проценти. „Тоа не се случило досега и покажува колку се реални штетите од ескалацијата на трговската војна“, критикува Цајц.

САД и ЕУ веќе со години си возвраќаат со воведување казнени царини. Компаниите како Harley-Davidson претрпуваат голема штета. Производителот на мотоцикли рано се најде меѓу два фронтови во трговската војна што ја започна поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Поради преселувањето на производството во странство, приврзаниците на Трамп бараа бојкот за мотоциклите на Harley-Davidson на американскиот пазар. Власта се смени, но Harley остана под голем притисок.

Претстојното зголемување на царинската стапка во ЕУ ќе важи за сите модели во понудата на американската компанија, без разлика во која земја се произведуваат истите. Шефот Цајц критикува дека тоа ќе ја исклучи марката Harley-Davidson од конкуренцијата на европскиот пазар.

Бизнисот на иконската марка мотоцикли сепак напредува. Во првиот квартал, добивката се зголеми за повеќе од 270 проценти (259 милиони долари) во споредба со истиот период лани, додека прометот порасна за десет проценти, на 1,4 милијарда долари.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

По нов Golf доаѓа време и за ново Volkswagen Polo

bmw centrala baterija

BMW ќе произведува револуционерен вид батерии по 2030 година