за

САД го наградија Хамбург за забраната за сообраќај

Хамбург награда БАН

Германската пристанишна метропола Хамбург го привлече вниманието на целиот свет, откако започна со реализација на забраната за сообраќај за возила со слаб квалитет на издувни гасови. Од денес, 31-ви април, на две оптоварени сообраќајници во градот, на коишто е измерено зголемено присуство на азотни оксиди во воздухот, повеќе не смеат да сообраќаат возила со норма послаба од Еуро 6

Овој решителен чекор наиде на одзив и во САД. Центарот за заштита на правата на потрошувачите CCC (Consumer Choice Center) денес му ја додели наградата BAN на германскиот град. BAN е кусо од Bureau of Nannyism Award, што најблиску може да се преведе како награда од „агенцијата за заштитништво“. Според директорот на агенцијата, Фред Редер, намерата е преку ироничната симболика на оваа награда да се укаже на тоа дека „забраната за сообраќај претставува голема дискриминација на правата на потрошувачите“.

И премногу заштита е лоша заштита: Наградата од САД има иронична симболика

Центарот CCC наводно ги претставува потрошувачите од преку 100 држави во светот. Неговата работа е следење на трендот на воведување забрани коишто го ограничуваат изборот на потрошувачите. Со наградата BAN за Хамбург, CCC (www.consumerchoicecenter.org) порачува дека војната против дизелот им штети на потрошувачите и не оди во корист на животната средина.

Во меѓувреме, во круговите на влијание коишто ја отфрлаат политиката на масовно користење на нафтата и ги заобиколуваат центрите на моќ коишто произлегуваат од истата, на нафтата уште одамна ѝ е ставен краен рок за користење.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi Outlander PHEV

Хибридниот Outlander е тивкиот шампион на Mitsubishi

кантичка гориво

Во овие земји не смее да се носи кантичка со гориво