за

Haval H6 е кинескиот СУВ што многумина го поврзуваат со друга марка

Great Wall Haval H6 Толту
Great Wall Haval H6 Толту

Долгогодишното пристуство на Great Wall на нашиот пазар му обезбедува нов залет на кинескиот производител, кој сега настапува со впечатлив дизајн и со свежа моделска понуда. Haval H6 што привлекуваше многу внимание на салонот во Софија веќе е во редовна понуда на македонскиот увозник Толту.

Почнува да се препознава исходот од стратегијата на кинеската марка Great Wall. Автомобилската сцена добро ги познава двата модели што ја поставија основата за присуството на марката во поширокиов регион – поточно, регионот околу фабриката што Great Wall ја пушти во работа во Баховица, во соседна Бугарија, уште во почетокот на 2012 година. Македонските возачки и возачи ги познаваат градскиот автомобил Voleex C10 и пикапот Steed 5 добро, но и по добро.

Двата модели од сосем спротивни сегменти своевремено се појавија на тест во Аутомедиа, при што и во двата случаи се покажа дека предрасудите при соочувањето со автомобилите од Кина се поголеми отколку што се покажува при конкретните искуства со возилата. Пикапот и градскиот модел, што очигледно беше инспириран од втората генерација на Toyota Yaris, постигнуваа одлични продажби, во голема мера поради пристапните цени, но и поради тоа што како увозник стоеше името на познат субјект на македонската автомобилска сцена, Толту Моторс.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во меѓувреме, пазарните регулативи се сменија, па целиот пазар падна под влијание на увозот на стари автомобили со слаб квалитет на издувни гасови, кои ЕУ реши да ги дистрибуира по маргините на Европа и на Унијата, место да ги враќа во синџирот на рециклирање – што понатаму ќе водеше до зголемување на нивото на емисии на СО2 на национално ниво, во Германија и останатите напредни автомобилски пазари.

Довербата во квалитетите што (отсекогаш) ги нуди Great Wall одненадеж порасна енормно, откако марката настапува со многу повпечатлив дизајн; Но и технологијата пак напредуваше

Во средината на октомври се одржуваше салонот на автомобили во Софија, каде што Great Wall постигна впечатливо присуство со своите СУВ-модели. Бугарската метропола ја имаше честа да биде домаќин на европската премиера на Haval F7x. Овој купе-кросовер со дволитарски турбо со 224 КС ќе стартува со испорака на бугарскиот пазар во средината на следната година. Цената на изложениот примерок во Софија изнесуваше 62.990 левови, односно над 32.000 евра.

New item by Automedia MK / Google Photos

Еден модел од салонот веќе е во редовна понуда на увозникот Толту и тоа воедно беше причина да се потсетиме на Greatwall. Станува збор за Haval H6, кој веќе вози во втората генерација и воедно е најпродаван СУВ-модел на марката во светски рамки. Great Wall ја издвојува својата понуда од СУВ-модели во марката Haval, при што применува и повисока спецификација отколку во остатокот од понудата.

New item by Automedia MK / Google Photos

Пријатно изненадување е големиот напредок во дизајнерска смисла што во меѓувреме ја постигнал кинескиот производител. Haval H6 е способен да го привлече вниманието на улица, при што само малкумина ќе знаат за која марка станува збор. Големиот СУВ-модел според димензиите се движи во рамките на Skoda Kodiaq, со должина од 4,61 метри и меѓуоскино растојание од 2,68 метри.

Увозникот веќе има обезбедено соработка со неколку домашни специјалисти за вградување автоплин, петгодишната гаранција важи

Тоа што домашната сцена добро ја познава марката се покажува како предност, откако човек првпат ќе се најде покрај Haval H6. Изгледот дефинитивно убедува и ги заокружува впечатоците за пристојна изработка и издржлива техника од Voleex и Steed. Ценовникот стартува од 22.400 евра, за изведба со 1,5-литарски турбо-бензинец со 163 КС – со директно впрскување и варијабилна работа на брегастите вратила, да нема сомнежи дека станува збор за обичен бензинец. Моторот ја исполнува нормата Еуро 6, а гаранцијата важи за 150.000 километри, односно 5 години.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во демо-возилото пред салонот на Толту во скопски Момин Поток можевме да забележиме и целосно дигитална табла со инструменти, 7-степен менувач со двојна спојка, диодни предни светла, избор на режими на возење и централен контролер за пристап до сите функции на возилото. Во топ-изведбите се достапни и напредни системи за асистенција. Постои и изведба со дволитарски турбо-бензинец со 190 КС.

New item by Automedia MK / Google Photos

Опременоста е стандардно импресивна, со електрична паркирна сопирачка, старт-стоп систем, алу-бандажи од 18 инчи, паркинг сензори назад, средишен дисплеј од 9 инчи, клима уред со филтер за полен, пристап и стартување без клуч уште во основното ниво.

New item by Automedia MK / Google Photos

Моментно сме во преговори со увозникот за обезбедување возило за тестирање, по појавувањето на новата генерација на H6, како и на H2, сцената повторно се интересира за производителот што Толту го застапува веќе девет години на македонскиот пазар.

Тест • Great Wall Steed 5 2.4i One

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори

One Ping

  1. Pingback:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

kia proceed gt test

Тест на Аутомедиа: Kia ProCeed 1.6 GT

електрични автомобили субвенции германија

Германија ги субвенционира електричните автомобили со 6.000 евра