Grand Theft Auto V на професионален симулатор на возење?

Неколку инженери во фирма за производство на симулатори за возење решија вистински да си „поиграат“ и ја вчитаа популарната игра GTA V во една од нивните скапоцени професионални машини.

Фирмата Force Dynamics произведува симулатори на движење кои го протресуваат возачот во сите можни правци соодветно на виртуелното случување и го пренесуваат во реално доживување. Вработените во фирмата изработија еден вид аркадна верзија на Grand Theft Auto V, ја вчитаа во симулаторот 401CR Motion System и целата оваа авантура ја пренесоа во видеоснимка. Не е дека не треба да им се завидува.

 

Претходна објаваСкандалот со издувот се проширува: Renault Espace 25 пати над дозволеното
Следна објаваСакате нарачката да се испорача во багажникот на вашето Volvo?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here