Германските производители во итаница да обезбедат кинески чипови од Нексперија

Германските добавувачи поитаа во Пекинг за да добијат одобрение за извоз на чиповите од Нексперија, надевајќи се дека политиката ќе најде решение за спорот што се закани дека ќе ја запре целата автомобилска индустрија.

Спорот со Нексперија, којашто масовно произведува едноставни чипови што се користат во автомобили, се заканува дека ќе предизвика запирање на производствените ленти во светски рамки. Спорот произлезе откако Холандија ја презеде контролата врз компанијата што има седиште во земјата и во сопственост е на кинески Вингтек.

Подгревајќи ги надежите дека ќе се изнајде политичко решение, Кина соопшти на 1-ви ноември дека ќе ја земе предвид можноста да дозволи изземање од забраната за извоз од фабриката на Нексперија во Кина, како последица од потегот на холандската влада.

Германскиот добавувач ЗФ соопшти дека разговара со кинеските власти, за да си обезбеди снабдување со чиповите на Нексперија.

„ЗФ е во контакти со надлежните органи во Кина преку својот кинески огранок и прави сé што е потребно за да го нормализира снабдувањето со чипови,“ изјави претставник на компанијата.

Аумовио, новото име на огранокот на Континентал што произведува делови за автомобили, побара од Пекинг изземање од забраната за извоз и достави барање до кинеското министерство за економија, соопштува упатено лице.

Бирократските пречки ќе го забават продолжувањето со извозот на чипови

Компаниите ги поздравија знаците за попуштање на трговскиот спор. Извори од индустријата сепак наведуваат дека се загрижени поради сложеноста на бирократските процедури што се потребни за да се достави барање за изземање од забраната за извоз. Покрај тоа, неизвесно е кога тие би го добиле одобрението за извоз.

Кина ѝ дозволи на Нексперија да извезува чипови, но прво да одобри Пекинг

„Кина ги подотвори законите за извозот,“ кажува Доминик Цилнер од Компонентс ет Сервис, германски дистрибутер на електронски компоненти.

Тој додава дека одобрение за извоз може да се добие само со специјална дозвола од кинеското министерство за економија.

Кинеското министерство за надворешни работи порача дека сите странки „треба да го задржат духот на договорите и принципите на пазарната ориентација“ и „да обезбедат сигурност и стабилност“ на глобалната индустрија со микрочипови и веригите од добавувачи.

Бош и ЗФ се подготвуваат да ги пуштат работниците на принуден одмор

Производителите на автомобили и нивните добавувачи се соочуваат со опасност од запирање на производството, доколку не се изнајде брзо решение за проблемот околу Нексперија.

Фолксваген уште не е во состојба да гарантира дека производството во своите германски фабрики ќе продолжи во следната недела, додека Роберт Бош разработи планови за своите вработени во фабриката во Залцгитер да ги прати на принуден одмор, поради кусокот во снабдувањето.

ЗФ подготвува превентивни мерки за испраќање на работниците на одмор. „Нејасно е со колкав обем и со каква брзина ќе продолжат испораките од Кина,“ соопштуваат од ЗФ, додавајќи дека компанијата поради тоа се подготвува да воведе скусено работно време во некои од своите фабрики, како превентивна мерка.

Претходна објаваАуди в година го пушта во продажба Ку 9
Следна објаваФерари е отпорен на криза, добивката порасна 5 проценти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here