за

Германците пресметаа: Темпо 130 по автопат ќе спречи 1,9 милион тони СО2

брзинско ограничување знак
брзинско ограничување знак

Месеци наназад германските еколози притискаат да се воведе ограничување по аутобанот, кој е речиси национален симбол поради отсуството на брзински лимит. Сега има и конкретни вредности, колку животната средина би се поштедила од штетни гасови, доколку брзината сепак се ограничи на 130 километри на час.

Германската агенција за животна средина цени дека ограничување на брзината по автопатиштата во земјата значително би ја смалилo емисијата на стакленички гасови. Зависно од поставувањето на лимитот, емисијата на СО2 би се намалила од 1,9 милион до 5,4 милиони тони СО2 годишно.

Доколку лимитот се постави на 120 километри на час, тоа би довело 2,6 милиони тони СО2 помалку во атмосферата, додека ефектот од ограничувањето на 130 km/h би бил 1,9 милион тони СО2 помалку. Од Агенцијата посочуваат дека тоа „би се постигнало веднаш и без дополнителни трошоци“. Во случај, пак, лимитот да биде поставен на темпо 100, намалувањето на емисијата на СО2 би достигнало 5,4 милиони тони СО2.

Во пресметките се користени актуелните податоци за потрошувачката на гориво на патничките автомобили и доставните возила. Во 2018 година, овие две категории возила предизвикале 39,1 милиони тони СО2 по автопатиштата низ Германија. Ограничувањето на 120 km/h би ја намалило оваа вредност за 6,6 проценти.

Парламентот и Советот ги отфрлија предлозите за ограничување на брзината

Во досегашната процедура, Сојузниот парламент и советот одбија да се воведе општо ограничување на брзината. Забелешките се однесуваа на тоа дека е недоволно само да се поставуваат сообраќајни знаци. Предлогот беше да се воведат нови технологии за регулирање на сообраќајот.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Citroen Ami

Citroen има револуционерно возило, речиси како Renault Twizy

Mercedes A 250 e

Хибридниот Mercedes A-Class поевтин од топ-дизелот