Градскиот СУВ-модел Кулреј, во Кина познат како Бињи, миленичка е на кинескиот производител на автомобили. Од пазарниот старт во 2018 година, продадени се повеќе од 800.000 примероци од моделот, во преку 40 држави.
Моќниот холдинг од Кина, што во својот автомобилски огранок има марки од ковот на Волво, Лотус или Смарт, постигна одличен погодок со својот Кулреј. Џили го продава моделот во американските региони, на Средниот Исток, во Африка, во Источна Европа и во Азија и Пацификот, што сведочи дека тоа е вистински светски модел.
Во минатата година биле продадени 63.000 примероци од Кулреј, што му донесува титула на еден од најбараните модели на кинескиот производител. Меѓу бројките што ги охрабруваат дилерите на Џили посебно се издвојуваат 190-те проценти раст во продажбата во Источна Европа во минатата година, во споредба со ’22 година. Во исто време напредува и пазарот во Саудиска Арабија, со раст од 18,8 проценти.
Лани моделот имаше фејслифт, што послужи како прилика за Кулреј да стартува и на пазари како Чиле, Саудиска Арабија, Кувајт, Катар, Бахреин, Либан, Аџербејџан, Казахстан, Молдавија, Киргистан, Парагвај, Еквадор и Мексико.
Кулреј спаѓа во најпродаваниот сегмент на европскиот пазар, во Б-СУВ сегментот, каде што меѓу другото се Пежо 2008, Киа Стоник или Тојота Јарис Крос. Платформата се води како БМА, од Модуларна Архитектура за Б-сегмент. Одлики му се спортскиот дизајн и агресивните линии, со впечатлива предна маска, диодни светла, четири издувни цевки и задолжително алу-тркала од 17 или 18 инчи.
Производителот го нагласува квалитетот на седиштата, но за тоа да се потврди во вашата Аутомедиа ќе треба да се направи и пробно возење. Кокпитот се состои од два големи дисплеи, со инструменти од 10,2 инчи и средишен дисплеј од 12,3 инчи.
Моторот е 1,5-литарски турбо, со 172 КС, комбиниран со 7-степен менувач со двојна спојка – тоа значи дека при споредба на цената со европските или јапонските модели треба да се земе предвид и 2.000 до 2.500 евра за менувачот.
Бутик салонот на Џили во Скопје
View this post on Instagram
















