Во Франкфурт само со 40 km/h поради загаденоста на воздухот

салон франкфурт електрични тротинети

Во центарот на германскиот град Франкфурт од јануари ќе бидат дозволени само 40 километри на час. Воведувањето на оваа мерка има за цел да се избегне забрана за сообраќај.

Германскиот град Франкфурт на Мајна од 1-ви јануари 2021 година ќе ја ограничи брзината на сообраќајот во центарот на 40 километри на час. Градските сообраќајни стратези ценат дека на овој начин може да се избегне воведување построга мерка, а тоа е забрана за сообраќај. Сојузната покраина Хесен издаде одобрение, коешто е неопходно за брзинското ограничување.

Управниот суд во Касел уште лани во декември донесе одлука, Градот да ја провери делотворноста на забраната за сообраќај во помали зони од градот или на одредени делници, со цел да се намали емисијата на азотни оксиди.

Во последниот период беше измерена намалена загаденост, а како причина затоа се навеедува намалениот сообраќај поради корона. Граничната вредност на загаденоста со азотни оклсиди изнесува 40 микрограми како годишен просек. Во минатите месеци, вредноста на загаденостса со штетниот гас беше малку повисока од 30 микрограми. Во случај да се пречекори границата и годишнито просек да се искачи на 41 микрограми на метар кубен, Градот сепак ќе размислува да воведе забрана за сообраќај во најпогодените подрачја од Центарот.

Моментните вредности на главните загадувачки супстанци во Франкфурт и во Скопје

(според aqicn.org)

Франкфурт на Мајна

Скопје (Лисиче)

PM2,5 AQI

73

PM10 AQI

26

183

O3 AQI

2

4

NO2 AQI

15

23

>>> Како Македонија од 186.000 тони дизел почна да троши 535.000 тони дизел годишно

Претходна објаваРСБСП со потсетување: Од 15 Ноември, задолжително носење на зимска опрема во возилото
Следна објаваFord Transit почна да вози на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here