Новиот центар на Ford за тестирање во различни климатски услови се наоѓа во Келн и чини преку 70 милиони евра. Како што опишуваат инженерите, тоа е најтоплата и најстудената точка во Европа, а воедно и највисока точка во западна Европа.
На притисок на копче може да се симулира надморската висина на Мон Блан, брзина на возило или ветар до 250 km/h, снег, августовско сонце или дожд. Во центарот на површина колку фудбалско игралиште може да се создадат климатски услови како во Сахара и Сибир, или висока влажност на воздухот како во Костарика.
Бидејќи станува збор за најнова постројка од ваков вид во браншата, Центарот за клима на Ford е прв кој поседува тунел во когошто може да се симулира интензивно паѓање снег или надморска висина од 5.200 метри. Неколку хали може да се изладат на -40 и да се загрејат на +55 степени Целзиусови, или да постигнат влажност до 95 проценти. Во исто време може да се тестираат до десет различни возила.
[tie_slideshow]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[/tie_slideshow]
Уште неколку факти за новиот климатски центар на Ford:
- 28 спот-светилки од 4.000 вати симулираат силно сончево зрачење во кабината
Центарот има потреба од 11 мегавати електрична енергија, исто колку населено место со 2.400 жители. Енергијата потекнува од обновливи извори - Се проверуваат комфорот, безбедноста и издржливоста, како и работата на електриката, сопирачките, климатизацијата, влечење приколка, на греењето на кабината или возење во застој
- Се тестира и влијанието на брзите воздушни струи врз делови на возилото, се проверува отпорноста на дожд и снег или колку брзо се одмрзнува ветробранот во различни услови
Хибридни комбиња на Ford по улиците на Валенсија
Стартува производството на новиот Ford Focus
Ford Focus ќе добие хибридна изведба
Ford Escort одбележува 50 години од премиерата



















