Карневал се одржува и во Келн, а таму е домот на Ford

Ford возила карневал Келн
Ford возила карневал Келн

Освен во Вевчани и Куратица, деновиве владее карневалско расположение и во германскиот град Келн. Како марка со долга традиција на производство во градот, Ford веќе 70 години е дел од келнскиот карневал. Прославите годинава ќе ги придружуваат 70 возила на Ford, дел од нив ќе возат само на струја.

Со почетокот на овогодишната карневалска сезона во германскиот град Келн, Ford има уште една причина за славење и веселење. Автомобилската марка со европско седиште во Келн одбележува 70 години партнерство со Келнскиот Карневал и исто толку години на обезбедување со таканаречени багажни возила што ја придружуваат славеничката поворка. Од пред дваесет години, Ford е задолжен и за пополнување на местото зад воланот.

Возилата имаат мошне важна улога во прославите, кои патем траат цел месец, затоа што во славеничкиот зенит, кога се формира своевиден „воз“ (во локалниот сленг d’r Zoch, од der Zug), од возилата се расфрлуваат бомбони и слатки. Во 1951 година, Ford првпат вози на карневалот, за веќе од 1965 година да почне да настапува и како официјален партнер. Во тоа време, Комитетот за прославата се вози во Ford Taunus 20M Cabrio. Годинава, принцот Кристијан Втори, селанецот Франк и девојката Грит, ќе се возат посебно во три ванови Ford Galaxy.

Модели на Ford Transit подолго од 50 години се користат на карневалот, годинава има голема „промена“ во тој поглед

За расфрлување на слатките, подолго од 50 години е задолжен истиот модел, Ford Transit. Годинава има голема промена во тој поглед – комбињата користат плагин-хибриден погон. Од вкупно 55 комбиња што ќе учествуваат во дарувањето, 25 се во изведбата Transit Custom Plugin Hybrid, додека преостанатите се во блага хибридна изведба. Плагин хибридите без проблем ќе ја извозат редовната тура само со погон на струја.

Комитетот за прослава и застапниците на 110-те карневалски здруженија, годинава ќе добијат на располагање вкупно 70 возила од марката што произведува во градот на реката Рајна: Седум Ford Galaxy, пет Ford Tourneo и 55 Ford Transit Custom. Зад воланите ќе седат 70 вработени во фабриката.

https://www.instagram.com/p/B4c2V29IZiz/

Претходна објаваHyundai е новата марка во портфолиото на Ми-Да Гранд Моторс
Следна објаваBentley Bentayga за 16 денови од нула до готов автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here