за

Bentley Bentayga за 16 денови од нула до готов автомобил

Bentley Bentayga Speed за 16 денови од нула до готов автомобил
Bentley Bentayga Speed за 16 денови од нула до готов автомобил

Двоминутно видео ја прикажува изработката на Bentley Bentayga Speed. Најбрзиот СУВ во светот забрзува за четири секунди до темпо сто, но и натаму се потребни 16 денови за автомобилот да се изработи рачно. Работата во фабриката првпат е снимена со тркачки дрон.

Ново видео ја прикажува рачната изработка на Bentayga Speed во фабриката на Bentley во Кру. Најбрзиот СУВ во светот – за 1 km/h е побрз од Lamborghini Urus, кој исто така е дел од концернот VW – забрзува од место до 60 милји на час за 3,8 секунди, но тоа не ја скусува и неговата изработка. Таа трае 127 работни часови или 16 работни денови.

Посебно внимание се посветува во изработката на деталите, во облагородувањето. Само обработката на фурнирот одзема десет часови. Секако дека сите фурнири во кабината на еден автомобил потекнуваат од едно исто дрво, коешто е дел од одржлива средина. На тој начин се постигнува сето дрво во Bentayga да има иста структура, боја и да старее исто.

На снимката се прикажува и обработката на кожата, за што се потребни осум часови. Во кабината на ексклузивниот СУВ се користат кожи од 14 бикови, испорачани од месната индустрија. Првпат во модел на Bentley се користи и алкантара за делови од седиштата и воланот.

Понатаму, за лакирање во една од 87-те „основни бои“ се потребни 24 часови, вклучувајќи и рачно полирање на крајот. Изработката на секој мотор W12 бара 13,4 часови, за што се задолжени 30 врвни мајстори. Во моторот со 635 КС и 900 њутнметри се вградуваат 294 одделни компоненти.

Според Bentley, ова е прв случај кога дрон прави снимка за време на работниот процес во една автомобилска фабрика.

Вкупното време за изработка на Bentley Bentayga Speed: 16 денови (127 часови)

Дрво: 10 часови

Кабина: 8 часови

Боја: 24 часови

Мотор: 13,4 часови

Монтажа: 19 часови

Друго, проверка на квалитет, тестирање и одобрување за испорака: 52.5 часови

https://www.instagram.com/p/B6QltbblogE/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford возила карневал Келн

Карневал се одржува и во Келн, а таму е домот на Ford

renault nissan zastiten znak zaedno

Renault и Nissan НЕ се раздвојуваат