за

Шефот си замина од Форд Европа, новиот работодавец е Фолксваген

Мартин Зандер е наследникот на Имелда Лабе, на местото на директор за дистрибуција на марката Фолксваген.

Марката Фолксваген има нов шеф за продажба и маркетинг. Мартин Зандер доаѓа на местото на Имелда Лабе, која си замина од концернот по сопствена желба.

Смена во управата на Фолксваген АГ. Од 1-ви јули, Мартин Зандер го презема од Имелда Лабе ресорот за продажба, маркетинг и сервисирање за марката патнички возила Фолксваген.

Зандер доаѓа од Форд, каде што тој од летото 2022 раководеше со Форд Верке ГмбХ. Тој воедно беше и генерален директор за огранокот електрични возила Форд Модел-е во Европа, одговорен за развој на електричлни возила, како и за софтвер и услужни дејности за вмрежени возила.

Лабе ја напушта компанијата по сопствена желба, откако ги исполни условите за заминување во пензија, соопшти Фолксваген.

Нов поттик за продажбата на марката Фолксваген

Дипломираниот машински инженер Зандер има зад себе 25-годишна кариера во автомобилската индустрија. Тој е кадар на концернот Фолксваген. Роден во Хилдесхајм, Зандер веднаш по неговите студии почна да работи во Ауди. Таму тој извршуваше најразновиодни раководни должности во Северна Америка и Европа. Пред неговото преоѓање во Форд, тој од 2019 до завршетокот на 2021 година беше виш заменик претседател за продажба за Европа, со одговорност за Ауди.

Извршниот директор на Фолксваген, Томас Шефер, го поздрави новиот член на управата со зборовите: „Со Мартин Зандер добиваме искусен експерт за продажба, еден зрел раководител.

Мартин има долгогодишно искуство во автомобилската индустрија и во концернот Фолксваген, и ќе даде нов поттик, за продажбата на марката Фолксваген на одржлив начин да ја подготви за иднината.“

Лабе постави важни правци

Тој ѝ се заблагодари на Имелда Лабе, на највисока раководна позиција во марката Фолксваген од 2022 година, за тоа што го зголемила пазарниот удел на марката и што ѝ го вратила на марката Фолскваген препознатливиот лик во рекламирањето: „Со проектот Енерџајз, Лабе со својот тим даде голем придонес за новото поставување на марката Фолксваген.“

Форд не коментираше за заминувањето на шефот за Европа

Форд досега не излезе со поединости за заминувањето на својот шеф за Европа. Не се соопштува ниту кој ќе го замени Зандер во Келн или кој привремено ќе ја преземе неговата функција.

На бизнис-мрежата ЛинкедИн, новоназначениот висок функционер на ФВ самиот коментира. Тој две години ја имал привилегијата, да работи во еден фантастичен раководствен тим, за икона како Форд.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

50 години Голф: И неговата иднина е електрична

Мерцедес се докажува како иноватор и во ерата на електричните автомобили