Фиат Панда со бензинец ќе продолжи до 2030, кажа шефот Тавареш

Фиат Панда ја зголеми продажбата во јуни за повеќе од 50 проценти, затоа што владата на Мелони ги субвенционира и бензинците со ниска емисија

Извршниот директор на Стелантис, Карлос Тавареш, кажа дека неговиот концерн ќе ја остави Фиат Панда со бензински мотори во производство до 2030 година. Со неа ќе се покрива делот од пазарот во којшто се бараат автомобили со најдостапна цена.

Изведбата на Фиат Панда со мотори со внатрешно согорување беше планирано да се произведува до 2027 година. Подоцна во текот на годинава треба да се појави новиот модел со целосно електричен погон.

„Слушаме лажни вести дека Стелантис сакал да ја напушти Италија. Инвестираме многу во Италија“, кажа Тавареш.

Панда, произведувана во фабриката во Помиљано д’Арко, во близина на Неапол, беше најпродаван модел на Фиат во првите два месеци од годинава. До февруари се продадоа вкупно 26.357 примероци.

Тавареш ги објави плановите за Панда во средата, за време на свеченото пуштање во работа на новите погони на Стелантис за производство на менувачи со двојна спојка и вграден електромотор во нив (еДЦТ), во фабриката Мирафиори, во Торино. Овие менувачи ќе се вградуваат во моделите од концернот со хибриден и приклучен хибриден погон

Намерата е Фиат по 2030 година да произведува исклучиво модели со целосно електричен погон.

Фиат Панда во впечатливото издание Ред во салонот на Аутомобиле СК

Претходна објаваОваа дама е моделка и инспирација за фигурата што го краси секој Ролс-Ројс
Следна објаваЕУ од производителите собрала 510 милиони евра на име казна за емисија на ЦО2

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here