Франција и Холандија први пазари за електричната Фиат Гранде Панда

Продажбата на електричната Фиат Гранде Панда почнува прво од Франција и Холандија, како најважни пазари за погонот на струја. Моќноста на електромоторот изнесува 83 кВ, односно 113 КС, досегот е доволен за пат од Скопје до Охрид и назад.

Фиат им оддава чест на Франција и Холандија како најздрави пазари за електричниот погон во Европа и прво таму ја нуди својата нова Гранде Панда, во целосно електирчната изведба. Останатите пазари ќе почекаат, но е сосем извесно дека впечатливиот нов модел на Италијанците ќе се продава пошироко на светскиот пазар.

Во соопштението што го испрати денес, Фиат посочува дека „патувањето на Гранде Панда почнува на тие два пазари, за на клиентите да им овозможи да ги искористат владините повластици. Гранде Панда ќе биде достапна во две изведби: Врвната изведба Ла Прима и Ред, којашто почнува под 25.000 евра.

Со батерија од 44 кВч и електромотор од 83 кВ (113 КС), Гранде Панда постигнува досег од 320 км според ВЛТП. Брзината е ограничена на 132 км/ч, заради сочувување на енергијата во батеријата. Спринтот до темпо 50 трае 4,2 секунди, темпо сто паѓа по 11 секунди. Просечната потрошувачка е 17,4 кВч/100 км.

Прв автомобил што има вграден кабел за поврзување со полнач

Спиралниот кабел за полнење е сместен зад маската

Меѓу бројните новини што ги носи моделот којшто во основа има улуга да го замени некогашниот Гранде Пунто, меѓутоа електричен, спаѓа и кабелот што е трајно прицврстен на самото возило. Кабелот се намотува самостојно во простор под хаубата, од каде што едноставно се извлекува и се поврзува. Тоа е мошне мудро решение. Предност е и тоа што кабелот не одзема простор во багажникот, и истиот не се валка.

При користење полнач од 7 кВ, полнењето до 80% трае 3 часа и 43 минути, што на посилен полнач од 11 кВ се скусува на 2 часа и 55 минути. Секако стои на располагање и можност за приклучување на брз почнач, каде што големата Панда полни со 100 кВ. Тогаш обновувањето на енергијата трае само 33 минути.

Фиат ја произведува Гранде Панда во нова фабрика во Крагуевац, Србија, на просторот каде што некогаш се наоѓаше фабриката на Црвена Застава.

Претходна објаваКако претседателствувањето на Трамп би влијаело врз европските производители на автомобили
Следна објаваЕУ го одби барањето Кина да ги продава своите електрични автомобили за најмалку 30.000 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here