Фиат 500 со хибриден погон во Италија стартува под 17.000 евра

Гранде Панда не е единствениот важен новитет од Фиат годинава. Голема неизвесност постоеше околу хибридната изведба од Фиат 500, којшто досега се произведуваше само во електрична варијанта.

Во Фиат повторно се случуваат големи нешта. Фиат 500 од втората генерација, што беше пуштена во 2007 година и никој не прашуваше за нејзина замена, падна жртва на новите закони во ЕУ, што бараат автомобилите да бидат заштитени од сајбер-напади. Чинквечентото број 2 престана да се произведува во Европа, иако пазарот и натаму го бараше моделот. Торино реши да престане со производство на 500, место да ја менува целата електрична мрежа и електрониката, што ќе го поскапеше моделот и со тоа ќе станеше неинтересен.

Мораше да се најде замена. Првпат во браншата, модел што е развиен исклучиво за електричен погон, а таков е Фиат 500 од третата генерација, значи моделот од 2020 година наваму, претрпе преправки за во него да се вградува бензински мотор. И, тоа сега е Фиат 500, меѓутоа не 500 е, како што се означува електричниот модел, туку Фиат 500 Хибрид, односно 500 Ибрида.

Големото прашање беше, колку ќе чини 500 Хибрид, изведен од електричен автомобил?

Одговорот доаѓа сега од италијанскиот пазар, каде што веќе се објавени цените и почнати се нарачките. Цената можеби нема да ги одушеви тие што забораваат да ги прочитаат ситните букви. Фиат 500 Хибрид, со благ хибриден погон патем, во Италија во моментов се нуди само во специјалната серија Торино и чини 18.950 евра. Редовната цена за 500 Торино Ибрида сепак е 20.900 евра, но на тоа следи уште 1.000 евра минус, ако стариот автомобил со норма до Еуро 4 се предаде во отпад, и уште 950 евра, доколку се земе кредит.

Испораките на Фиат 500 Ибрида Торино ќе стартуваат во февруари 2026 година. Тоа е специјалната серија со многу опрема и со многу дизајнерски зафати.

Важната вест е дека ќе се произведува и нормална изведба на Фиат 500 Ибрида, којашто ќе чини под 17.000 евра.

Големата премиера на Фиат 500 Ибрида ќе се случи во следниот месец. Моделот веќе имаше прв настап на големата сцена, за време на салонот во Торино.

Фиат Гранде Панда веќе е во салон

Што се однесува до специјалниот Торино, достапни се две бои, златно жолта и океански зелена. Седиштата имаат посебни облоги и втиснато лого на Фиат, и секако, заштитниот знак на Чинквеченто, уште од 1957 година, арматурна табла лакирана во истата боја со каросеријата.

Опременоста вклучува пристап без клуч, автоматска климак темпомат, паркинг сензори, автоматски светла и бришачи. Во средината е дисплеј од 10,25 инчи.

Моторот е 1.0 Фајерфлај со три цилиндри и 65 КС, во комбинација со 6-степен мануелен менувач, а сето тоа во комбинација со 12-волтен стартер-генератор што го сочинува благхиот хибриден погон. Тоа е во основа истиот погон којшто се вградуваше и во самиот 500 од втората генерација.

Производството е во Мирафиори, историски важна фабрика на Фиат, во Торино.

Претходна објаваАВАНТУРА СО DEFENDER, ДЕСТИНАЦИЈА КОЗЈАК
Следна објаваСервисери од САД зборуваат за опасноста од делови купени за поевтино

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here