Ferrari на црвен тепих место на тркачка патека

Во чест на роденденот на Енцо Ферари, во музејот на марката во Модена е отворена нова изложба насловена „Црвен тепих“, со највпечатливите улоги на моделите на Ferrari на филмското платно.

Моделите на Ferrari што се прославија со своите улоги во многубројни филмови можат да се поглднат во изложбата „Црвен тепих“, во музејот на марката во Модена, во чест на роденденот на основачот на спортската марка, Енцо Ферари. Покрај секој модел се прикажуваат сцените во коишто моделите на Ferrari ја преземаат главната улога, почнувајќи од 308 GTS во „Магнум П.И.“, преку Testarossa од „Мајами Вајс“ и 512S од „Леман“, до Ferrari 375 America што Софија Лорен го возеше во „Дете на делфин“.

Ferrari 250 GT Cabriolet Pninfarina
Ferrari 250 GT Cabriolet Pninfarina

Врската на Ferrari со Холивуд не се ограничува само на улогата во самите филмови. Голем број актерки и актери се љубители на италијанската спортска марка. Пол Њумен, на пример, возеше на неколку легендарни трки со 365 GTB4, додека Стив Меквин поседуваше цела ергела од модели на Ferrari кои сега се мошне ценети кај колекционерите. Мерилин Монро исто така обожуваше Ferrari. Белиот 250 GT Cabriolet Pininfarina на изложбата во Модена е еден од нејзините фаворити. Питер Селерс, Николас Кејџ и уште многу славни лица од филмското платно исто така не можеа да одолеат на италијанските модели.

Како и на секоја друга изложба, на „Црвен тепих“ се најдоа неколку екскузивни експонати, како Thomassima, скултура изработена од Том Мед на база на 250 GT, како симбол за многубројните „споредни“ улоги на автомобилите од Маранело, вклучувајќи и неколку филмови од Фелини. Секако дека на изложбата не смее да отсуствува и тркачки болид од формула 1, по филмовите како „Гран При“, „Леман“ и последниот „Раш“. Во секој случај, Ferrari немаше да постои доколку не беа тркачките патеки.

Претходна објаваАмериканците бараат Volkswagen да им се „оддолжи“ со електрични возила
Следна објаваPagani Huayra BC: Три илјади евра за една КС од овој автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here