Американците бараат Volkswagen да им се „оддолжи“ со електрични возила

Во преговорите околу аферата со издувните гасови, американските власти побарале Volkswagen да произведува електрични возила и да изгради мрежа од полначи во земјата. Казна, на еден или на друг начин.

Американската агенција за заштита на животната средина побарала Volkswagen повеќе да се заложи за унапредување на електромобилноста во САД. Тоа денес го објави германскиот „Велт ам Зонтаг“. Според весникот, покрај паричната казна што ќе следува за Volkswagen, откако избувна аферата со прекумерната количина на азотни оксиди во издувните гасови, концернот ќе мора дополнително и да компензира за наводната штета врз животната средина.

Од Германците се бара изградба на мрежа од полначи за струја за електрични возила или производство на возила со погон на струја во фабриките во САД. Засега отсуствува каква било официјална објава од агенцијата и од Volkswagen околу тековните преговори.

Претходна објаваШефот на Daimler касираше рекордна заработка од 10 милиони евра
Следна објаваFerrari на црвен тепих место на тркачка патека

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here