По светската премиера во рамките на ексклузивниот собир во Пебл Бич, специјалната серија Ferrari 488 Pista Spider пристигна во Париз, за првпат да се појави пред европската публика
Со соодносот меѓу тежината и моќноста од 1,92 килограм на една коњска сила, Ferrari 488 Pista Spider е најсилниот сериски Spider во историјата на марката од Маранело. Тој е воедно и 50-от модел на Ferrari без покрив. Осумцилиндарецот со битурбо натполнење досега има освојувано повеќе награди за најдобар мотор на годината, а во „Pista“ испорачува 720 КС. Забрзувањето од место до темпо сто трае 2,85 секунди. Следната стотка паѓа за осум секунди, а забрзувањето завршува дури на 340 километри на час.
Моторот, подвозјето и аеродинамиката на специјалната серија Ferrari 488 Pista Spider потекнуваат од два тркачки автомобили: Од 488 Challenge и од 488 GTE. Моќноста е зголемена за 50 КС во споредба со „488“, што е постигнато со редизајн на вшмукувачките канали, исто како кај 488 Challenge.
Преку најфина оптимизација, тежината на моторот во Ferrari 488 Pista Spider е смалена за дури 18 килограми
Тежината е смалена со користење на оптимирани компоненти, како на пример издувни гранки од инконел, полесно коленасто вратило и замавник, и клипници од титан. Само моторот е полесен за 18 килограми. Префрлувањето на менувачот е скусено за 30 милисекунди, кога е вклучен тркачкиот режим.
Исто како кај купето 488 Pista, отворената верзија Spider поседува регулирање на попречната динамика, односно сопствен софтвер којшто го приспособува притисокот посебно во секоја сопирачка клешта. Овој Ferrari Dynamic Enhancer (FDE) стои на располагање кога прекинувачот Manettino е во положба „CT-OFF“. Амортизерите SCM-E се калибрирани од ново и заедно со пружините кои се покрути за 10 проценти придонесуваат за попрецизна управливост. Надолжното забрзување е за 13 проценти подобро во споредба со стандардниот 488 Spider.
Маранело нуди специјален сервисен пакет за 488 Pista Spider, којшто ги вклучува сите редовни сервисирања во првите седум години.
Ferrari имал планови да го преземе Aston Martin во 2014 година
Ferrari ги прославува четириседите што ги обожуваше Енцо

















