Европа да развива автомобили што ќе возат сами, бара фон дер Лајен

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, повика целиот континент да се вклучи во развој на автомобили што се движат самостојно, додавајќи дека вештачката иинтелигенција може да придонесе за заживување на автомобилскиот сектор во Европа, како и за подобрување на безбедноста на патиштата.

Драјв Пилот е името на автопилотот на Мерцедес-Бенц. Фон дер Лајен предлага неколку европски градови да се здружат и да го поттикнуваат користењето возила што се движат самостојно.

Обраќајќи се за време на Италијанската недела на технологијата, што се одржа во Торино, фон дер Лајен ја повика Европската Унија да усвои стратегија „Прво ВИ“, што ќе опфаќа повеќе индустриски гранки и ќе биде фокусирана на мобилноста.

„Самовозечкмите автомобили веќе се секојдневие во Соединетите Држави и Кина. Истото треба да се случува и тука во Европа,“ кажа таа, посочувајќи дека „Прво ВИ“, значи и „Прво безбедноста“.

Забелешките на претседателката доаѓаат во време кога Брисел бара начини да ја зајакне конкурентноста на својата индустрија, додека локалните производители на автомобили се соочуваат со потешкотии да фатат чекор со развојот на технологијата во странство, посебно со Кина и Соединетите Држави.

Меѓу говорниците на Италијанската недела на технологијата беа основачот на Амазон, Џеф Безос, и претседателот на Стелантис, Џон Елкан.

Фон дер Лајен предложи да се создаде мрежа од европски градови, коишто ќе преводат со автономните возила, посочувајќи дека 60 италијански градоначалници веќе покажале интерес.

„Да направиме тоа да се случи,“ додаде таа.

Шефицата на ЕУ воедно вети и поддршка за Унијата во развојот на автомобили „создадени во Европа, и создадени за европски патишта.“

Автомобилска индустрија, којашто вработува милони ширум Европа, се менува брзо под притисок на декарбонизацијата и дигитализацијата. Фон дер Лајен кажа дека ВИ ќе придонесе за смалување на метежот, за поврзување на периферијата со јавниот превоз и ќе помогне да се сочуваат работните места.

„Иднината на автомобилите – и автомобилите од иднината – мора да се создаваат во Европа,“ додаде шефицата.

Претходна објаваСервисери од САД зборуваат за опасноста од делови купени за поевтино
Следна објаваДачиа покажа како би изгледале новите и евтини електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here