Извршното тело на Европската Унија во март веројатно ќе предложи решение, со коешто производителите на автомобили ќе бидат поштедени од милионски казни при надминување на лимитот за ЦО2. Унијата сепак ќе продолжи да ги почитува своите амбициозни цели за да ги намали штетните емисии од транспортот, кажува постар пратеник од најголемата политичка група во Унијата.
Европската Комисија води преговори со автомобилската индустрија со цел да се надминат предизвиците со коишто се соочуваат производителите. Акцискиот план треба да биде изготвен веќе во следниот месец. Планот веројатно ќе содржи промена во легислативата, со којашто ќе се дозволи земање кредити за штетна емисија, што на производителите ќе им даде поголема флексибилност да да ги исполнат барањата што се поставуваат пред нив, вели Петер Лизе, главен пратеник за прашања за животна средина од Европската Народна Партија во Европскиот Парламент.
„Се надевам дека ќе постојат краткорочни мерки, што ќе ни дозволат да ги исполниме целите, но ќе бидат флексибилни во поглед на пеналите,“ изјави тој пред новинарите во Брисел, на 10-ти февруари. „На пример, доколку не ги исполните целите за 2025 година, можете тоа да го компензирате преку надминување на целите во 2026 и 2027 година,“ додава Лизе. „Ценам дека тоа е добро. Веќе го применуваме тоа кај товарните возила, нема причина зошто истото да не го применуваме кај доставните возила и автомобилите.“
За предлогот од Комисијата ќе биде потребно да се обеезбеди одобрение од државите членки и од парламентот на ЕУ, пред истиот да стапи на сила.
Европското здружение на производители на автомобили го разгласи алармот, откако се увиде дека истите ќе бидат изложени на огромни казни, при пречекорување на дозволената емисија.
Групацијата Фолксваген вложува напори да надомести за казната што се проценува дека годинава ќе изнесува 1,5 милијарда евра. За да се избегне високата казна, на производителите во моментов им се дозволува да стапуваат во „пул“ со други производители на автомобили, што продаваат повеќе електрични модели и соодветно на тоа имаат пониска просечна емисија од лимитот на ЕУ.
Од тоа сепак ќе извлечат корист странските производители, како Тесла од САД и БИД од Кина.
Јавната поддршка за Зелениот Пакт на ЕУ – претставен пред пет години – ослабна поради загриженоста околу трошоците за преоѓањето на одржливи видови на енергија и конкурентноста на евроспката индустрија.
Производителите на автомобили посебно страдаат од долготрајната инфлација и од високите камати, како и од забавената побарувачка за електрични автомобили.
















