ЕУ може ќе ги поштеди ФВ и БМВ од царини за увозот од Кина

Купра Таваскан ќе биде погодена од новите царини на ЕУ за електрични автомобили од Кина.

Европската Комисија им навести на Фолксваген и БМВ можност дека ќе бидат смалени царините за електричните автомобили што двата производители ги увезуваат од Кина. Тоа го соопштуваат два извори што се запознаени со случувањата.

Комисијата размислува двата производители да ги класифицира како т.н. кооперативни компании, велат изворите, што ќе овозможи нивните ЕВ-модели од кинеско производство да бидат изложени на царинска стапка од 20,8 проценти. Според сегашните состојби, за нивните модели треба да се плаќа царина во висина од 37,6 проценти.

Електричното Мини што БМВ го произведува во Кина, и Купра Таваскан, што се произведува во фабриката на концернот Фолксваген во Анхуеј, Кина, не беа предмет на детален претрес од страна на Брисел, во постапката пред воведувањето на казнените царини, што значи дека тие автоматски беа изложени на највисоката царинска стапка.

Доколку се дозволи, тоа ќе биде прв, ран компромис на Брисел, околу царините што ќе погодат дел од водечлките европски производители, затоа што тие произведуваат автомобили во Кина и ги увезуваат во регионот.

Германската автомобилска индустрија исто така се противеше на царините, поради загриженоста дека Кина ќе возврати со против мерки. Германските производители лани постигнаа една третина од својот промет во Кина. Производителот од САД, Тесла, побара да се одреди посебна царинска стапка за електричниот Модел 3, што се извезува во Европа од фабриката во Шангај.

Брисел треба до есеноска да донесе конечно решение околу новите царини, коишто засега се привремени.

Претставник на Европската Комисија кажа дека се проверуваат низа барања од компании што не произведувале електрични автомобили во Кина за време на истрагата и за нив е потребно отпосле да се извршат процени.

„Односните странки ќе бидат известени за предлогот на Комисијата и ќе добијат можност да коментираат пред објавувањето на какви било конечни мерки“, кажува претставникот.

Видеото од тестот на електричното Волво Е Икс 30

Претходна објаваАуди А5 користи нова платформа, има мазен дизајн, напреден софтвер
Следна објаваСлучај Кина, пример ДФСК: Тивка вода брег рони

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here