Надминувањето на кризата околу корона моментно има највисок приоритет за ЕУ. Тоа може да доведе до откажување на плановите за заштита на климата, коои меѓу другото предвидуваат воведување на построги норми за издувни гасови за автомобилите.
Корона-кризата може да предизвика одложување на важни европски проекти за заштита на животната средина и на климата. Меѓу проектите спаѓаат и планираните стратегии на ЕУ за поголема заштита на климата во земјоделството и во сообраќајот, како и правото за поправка на апаратите. Комисијата на ЕУ веќе размислува за усвојување на нова програма за работа.
Европската комисија моментно работи на измени на оваа програма, поради тоа што борбата против корона-кризата има апсолутен приоритет. Неколку проекти во предлог измените се обележани со жолто, што значи дека остануваат приоритетни, но според гледиштето на Комисијата, може да се одложат за неколку недели или месеци. Дел од плановите се однесува и на воведувањето нови мерки за поголема одржливост во сообраќајот.
Другите проекти се обележани со црвено и тие не се толку временски критични. Во црвената категорија се наоѓа и закон што им дава поголеми права на потрошувачите во поглед на намалувањето на отпадот, вклучувајќи и право на поправка. Оваа иницијатива може без поголеми последици да се одложи за 2021 година.
Протестниот марш против загадувањето имаше инстантен ефект, еколозите уште не знаат
















