ЕУ и натаму притиска за брз договор за царините со САД, откако Трамп го одложи рокот до август

ЕУ продолжува да притиска, за трговската спогодба да се потпише до 9-ти јули, откако Трамп го одложи рокот за примена на новите царини за 1-ви август, изјави претставник на Европската Комисија, којашто раководи со трговијата на Унијата.

Универзалната царинска стапка што требаше да почне со примена на 9-ти јули ќе се одложи најмалку до почетокот на август, соопштија САД на 7-ми јули. Царините за речиси сиот извоз од ЕУ во САД ќе се зголемат на 50 проценти, по августовскиот рок, доколку не се постигне спогодба во меѓувреме.

ЕУ бара да се постигне договор што ќе им овозможи на сите производители на автомобили од Европа, што произведуваат и извезуваат од САД, да увезат поголем број возила од ЕУ по царинска стапка под тековните 25 проценти.

Некои претставници на ЕУ се загрижени дека со спогодбата ќе се поттикне бран инвестиции и преселување на производството од другата страна на Атлантикот.

Во извештајот на Политико, се наведува дека САД понудила договор да се задржи тековната царинска стапка од 10 проценти, со исклучок на чувствителните сектори, како што се авијацијата и алкохолните пијалоци. Инвеститорите ценат дека 10-те проценти се прифатливо ниво за царинската стапка, во споредба со останатите држави, што придонесува за јакнење на заедничката европска валута.

„Европа е најблиску до постигнување добра спогодба,“ изјави Били Лаонг, стартег за инвестиции во Глобал Екс со седиште во Сиднеј. Тој додаде дека ЕУ е во подобра положба од останатите трговски патнери на САД, како Јапонија или Јужна Кореја.

Трамп одреди царини за речиси сите трговски партнери на САД, наведувајќи дека на тој начин ќе се врати домашното производство и ќе се запрат останатите држави да ја злоупотребуваат САД.

Членките на ЕУ имаат разединети ставови, дали ЕУ треба да го прифати договорот. Дел од нив притиска за брзо да се постигне договор, додека друг дел бара ЕУ да воведе противмерки и да преговара од позиција на моќ.

ЕУ одобри царини за стока од САД во вредност од 21 милијарда евра, чијашто примена може да стартува веднаш, како одговор на царините на Трамп. Царините се насочени кон политички чувствителните сојузни држави во САД и се однесуваат на продукти, како соини зрна од Луизијана, но и земјоделски производи, живина и мотоцикли.

Унијата подготви и дополнителен список со царини за производи од САД во вредност од 95 милијарди евра. Со нив се цели кон индустриските добра, како авиони Боинг, автомобили од САД и бурбон.

ЕУ се советува со државите членки околу утврдувањето на стратешките подрачја од коишто САД зависат од ЕУ, како и за потенцијални мерки, покрај царините, како контрола на извозот и ограничувања на набавката.

Претходна објаваСамо 15 ќе преживеат: Студија предвидува масовно изумирање на автомобилските марки во Кина
Следна објаваДобитниците и губитниците од предложениот извозен механизам меѓу ЕУ и САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here