Илон Маск: Најбогатиот човек во светот стана најголем политички донатор во САД

Илон Маск и Доналд Трамп заедно во Париз, на отворањето на обновената Нотр Дам, Богородична Црква.

Неговиот придонес е далеку повисок во споредба со вториот најголем донатор, инвеститорот Тимоти Мело, кој потроши 197 милиони долари, главно за републиканците. Тоа го покажуваат податоците со коишто располага ОпенСецретс.орг.

Најголемиот дел од донацијата на Трамп беше насочен кон претседателската трка. Тој им даде 238,5 милиони долари на Америка ПАЦ, политички акциски комитет основан од него самиот, вклучувајќи дополнителни 75 милиони долари во последните седмици од кампањата.

Америка ПАЦ од нејзиното основање во почетокот на годинава потрошила 159 милиони долари, за да се зајакне финансиската поддршка на Трамп, чијашто кампања заостануваше далеку зад финансирањето на кампањата на потпретседателката Камала Харис.

Трамп им ја довери својата кампања на надворешни групи, како Америка ПАК, којашто потроши 86 милиони долари за изборно рекламирање. Таа по налог на Трамп го платила и дигиталното рекламирање, вклучувајќи реклами на фејсбук и на гугл.

Акцискиот комитет извршил 18 исплати во висина од по 1 милион долари на лица што се водат како „советници“. Во последните денови од изборната кампања, регистрираните гласачи што ќе ја потпишеа онлајн-петицијата за слобода на говор и право на оружје во некоја од сојузните држави со неизвесен исход, можеа да се надеваат дека дента ќе бидат избрани по случај, за да добијат награда од 1 милион долари. По 47 долари се префрлуваа на секој редовен гласач што ќе охрабреше уште еден гласач да ја потпише петицијата.

Министерството за правда на САД испрати допис до Америка ПАЦ, предупредувајќи дека плаќањето за гласање и регистрирањето глас претставува прекршување на сојузните закони. Државното обвинителство на Филаделфија кон крајот на октомври поднело тужба против Маск и Америка ПАЦ, обвинувајќи за „незаконска лотарија“.

Тужбата не влијаеше за плаќањата да престанат.

Маск им плати 20,5 милиони долари на РБГ ПАЦ, друг акциски комитет што објавуваше реклами, во коишто се порачуваше дека Рут Бејдер Гинсбург, некогашна судијка на Врховниот Суд и истакната поддржувачка за правата на абортус, имала ист став со Трамп. ПБГ ПАЦ се обидуваше Трамп да го поврзе со правата на потомство и да одговори на жешка политичка тема.

Извршниот директор на Тесла и Спејс Икс беше умерен политички донатор, сé до годинава. Широкоградото донирање сепак го катапултираше во најблиската орбита на Трамп. Тој во меѓувреме стана редовен гостин во имотот Мар а Лаго на идниот претседател, и заедно со бизнисменот Вивек Равасвами, тој ќе раководи со одделението за ефикасност на владата. Тоа е советувачка комисија на сојузно рамниште, и има улога, на владата да ѝ препорачува каде да скусува во трошоците и во бирократијата. Маск и Рамасвами во минатата седмица го посетија Вашингтон, за да соопштат за својот успех.

Според индексот за милијардери на Блумберг, Маск вреди 361.7 милијарди долари. По победата на Трамп во минатиот месец, неговото богатство порасна значително.

Некои од компаниите на Маск може да стекнат корист од вториот мандат на Трамп. Идниот претседател го назначи Џеред Ајсакмен, пријател на Маск и астронаут во Спејс Икс, да биде новиот администратор на НАСА. Спејс Икс е меѓу најголемите партнери на НАСА и редовно победува на тендерите. Маск веднаш му честиташе на Ајсакмен на друштвените мрежи.

Производителот на електрични возила Тесла чека владино одобрение за автономни возила, што членовите на тимот на новиот претседател ценат дека ќе биде меѓу приоритетите на министерството за транспорт. Самоуправувачките возила се соочуваат со големи ограничувања според постоечките сојузни закони.

Претходна објаваЗошто Карлос Тавареш мораше да го напушти шефовското место во Стелантис
Следна објаваМерцедес дневно изработува по 20 автомобили по посебна нарачка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here