за

Електричен камион со пантограф нема потреба да полни батерија

Техничкиот универзитет во германскиот град Ахен го разви првиот прототип на електричен камион што црпи струја преку пантограф.

Катедрата за „Производно инженерство за компоненти за е-мобилност“ при Универзитетот Ахен го пушти во работа првиот прототип на електричен камион во Европа, што енергијата за електромоторите ја добива преку посебен вид на конектор што е поставен на покривот.

Електричниот камион со пантограф е дел од проектот за истражување „LiVe“, што е финансиран од Сојузното министерство за животна средина, заедно со јапонскиот производител Isuzu. Претходните тестирања се вршеа со камиони Scania, но во нив работеше и дизел мотор. Делниците на коишто се вршат испитувања со снабдување со електрична енергија преку пантограф се наоѓаат на автопатиштата во покраината Шлезвиг-Холштајн и Хесен, како и во Баден-Виртемберг. Станува збор за делници долги неколку километри.

Професор Ахим Кампкер цени дека „тешките камиони се одговорни за голем дел од денешите емисии на СО2“. Поради високата потреба од енергија кај овие тешки камиони за долги релации, „досега не постојат исплатливи решенија за нивна електрификација“, додава професорот. Околу една третина од вкупната емисија од стакленички гасови од сообраќајот отпаѓа на транспорт на стока.

New item by Automedia MK / Google Photos

Следен чекор е изработка на пантографски систем во почетокот на 2022 година и пуштање на камионот во пробно возење. До крајот на проектот пред завршетокот на 2022 година ќе се развијат уште два електрични камиони со модуларна погонска спрега. Еден од камионите ќе користи водород како погонско гориво.

>>>Батерија од 420 kWh и електромотор од 400 kW за Mercedes eActros

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

GAZ Sobol или: Кога тоа било важно како изгледаат руските возила?

Уште ги гледаме по улиците: Овие модели станаа 30-годишници