за

Електричен камион разнесува пошта во Ирска

електричен камион Fuso eCanter, Daimler, Ирска
електричен камион Fuso eCanter, Daimler, Ирска

Даблин е првиот главен град во светот што користи електрични камиони во доставата на пратки. Fuso eCanter доаѓа од концернот Daimler и моментно вози во десет европски градови, а од стартот во 2017 година се испорачани повеќе од 150 примероци ширум светот.

Првиот електричен камион со мала носивост освои уште еден европски град. Од месецов, во ирскиот главен град Даблин сообраќаат два електрични Fuso eCanter, во разнесувањето пошта за државната компанија An Post. Со тоа, електричниот камион од марката што е дел од концернот Daimler, сега вози во вкупно десет европски градови, во Германија, Велика Британија, Франција, Португалија, Холандија, Данска и Ирска.

Даблин е прв главен град во светот во којшто се врши достава на пратки со возила што не испуштаат СО2 и други штетни материи. Компанијата An Post има за цел да придонесе во подобрувањето на квалитетот на воздухот во градот, преку примената на електричните камиони Fuso eCanter.

Електрични камиони за достава во градското подрачје

Од почетокот на продажбата на Fuso eCanter во октомври 2017 година, испорачани се повеќе од 150 примероци, со што е исполнет планот на марката на Daimler. Следат нови испораки во Европа, Јапонија и САД.

Сите досега испорачани примероци од електричниот камион заедно имаат поминато 1,6 милион километри. Со досег до 100 километри, камионот со дозволена вкупна тежина до 7,49 тони ја покрива потребата на клиентите во доставата во подрачјето на градовите. Електричниот погонски систем се состои од електромотор со моќност од 129 киловати (176 КС) и вртежен момент од 390 њутнметри, како и шест високонапонски литиум-јон батерии (со по 420 волти и 13,8 киловатчасови). Полнењето на батеријата на брз полнач трае само еден и пол час.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

салон автомобили париз

Парискиот авто-салон откажан, се бараат алтернативи

Audi Stream виртуелна посета фабрика

Audi нуди виртуелна посета на фабриката во Инголштат