Големиот салон на автомобили во Париз нема да се одржи во планираниот термин во октомври, барем не во вообичаената форма. Организаторите бараат алтернативни решенија.
Меѓународниот салон на автомобили во Париз нема да се одржи според планираното, поради ширењето на вирусот корона. Во соопштението од организаторите на традиционалниот Mondial de l’Automobile се наведува: „Бараме алтернативни решенија во тесна соработка со нашите главни партнери.“
Како една од најважните манифестации за автомобилската бранша, салонот требаше да се одржи во октоври, во парискиот конгресен центар Porte de Versailles. Францускиот салон на автомобили се одржува во парните, додека германскиот ИАА во непарните години. Во изданието во 2018 година, салонот на автомобили во Париз привлече околу еден милиони посетители.
Поради пандемијата, претходно беше откажан и салонот во Женева, чијшто редовен термин на одржување е во почетокот на март. Досега се откажани околу десетина традиционални и важни настани ширум светот.
















