за

Dodge Charger Hellcat е пеколна машина престорена во лимузина

Со 707 КС, забрзување 0-160-0 km/h за помалку од 13 секунди и крајна брзина од 328 km/h, Dodge Charger Hellcat е најбрзата, најмоќна и најлуда лимузина од сериско производство.

На Американците им здодеаја големите теренци. Повеќе марки му се враќаат на култот на мускулестите автомобили од 1960-те, вклучувајќи го и Dodge. Новиот Charger SRT Hellcat вози со 6,2-литарски V8 со механички компресор и 707 КС, што во моментов му ја обезбедува титулата на најбрза и најмоќна лимузина од сериско производство во светот. Dodgeи неговото спортското одделение SRTза прв пат применија механички компресор во мотор V8. За преносот на сила е задолжен осумстепен автоматски менувач. Соодветно на монструозната моќност, Charger SRT Hellcat ги има најголемите предни дискови во историјата на марката, со пречник од 15,4 инчи, односно 390 mm, во комбинација со шестклипни сопирачки клешти од Brembo.

Перформансите се како на суперспортско купе: „Пеколната мачка“ вози четвртина милја за 11 секунди, забрзува до 160 km/h и повторно запира во место за помалку од 13 секунди, а крајната брзина е 328 km/h

Dodge смисли неколку програми на возење со цел да го олесни секојдневието со Hellcat. Компјутерската интелигенција во возилото соодветно ги приспособува моќноста на моторот, работата на менувачот, будноста на безбедносните системи и цврстината на амортизацијата, зависно од програмата што ќе ја избере возачот: Спортска, тркачка, економична и индивидуална програма.

DG015_077CH__mid (1)

Холивудските сцени не се пропуштаат во Dodge Charger SRT Hellcat. Бесната лимузина се испорачува со два клуча – црвен и црн. Единствено со црвениот клуч може да се активира полната моќ на моторот, додека црниот ја ограничува моќноста до одредено ниво и не дозволува моторот да заврти над четири илјади.

Однадвор Charger SRT Hellcat се препознава по поголемата алуминиумска хауба со грбка и вшмукувач за воздух, во стил на првиот Viper од 1996. Маската и предниот браник имаат поагресивен изглед, а под крилата вртат бандажи од 20 инчи со гуми 275/40.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Saab повторно запаѓа во криза

Новата серија 7 на BMW ќе дебитира в година на салонот во Франкфурт