за

Daimler Truck прв ден на берза како независна компанија

Денес првпат се тргува на берзата во Франкфурт со акциите на Daimler Truck. Менаџментот очекува зголемен профит.

По одвојувањето од Daimler AG, производителот на товарни возила Daimler Truck од денес котира на франкфуртската берза на хартии од вредност. Во соопштението за печат, овој историски момент се толкува како „пробив во неограничената претприемничка самостојност“.

Daimler Truck се одвои од Daimler AG, односно од Mercedes-Benz Cars, со цел да постигне уште поголема рентабилност во работењето. Главна цел останува постигнувањето целосна неутралност во поглед на емисијата на СО2.

Менаџментиот очекува акциите во регулираниот пазар на франкфуртската берза на хартии од вредност, до првиот квартал од 2022 година да бидат опфатени во Dax-индексот, кој во меѓувреме е проширен и број вкупно 40 компании. Daimler Truck стартува со вредност проценета на 23 милијарди евра. Вредноста е под очекувањата на аналитичарите, кои се надеваа на вредност од околу 40 милијарди евра.

„Ова е историски ден за Daimler Truck: Нашиот бизнис со камиони и автобуси 125 години беше дел од концернот Daimler – сега преоѓаме во самостојно претпријатие што нотира на берзата“, изјави Мартин Даум, претседател на Daimler Truck Holding AG, во берзанската сала во Франкфурт.

Во сопштението се наведува и изјавата на шефот на концернот Daimler, Ола Келениус: „Историскиот нов старт на две компании ‘Pure Play’ треба да го ослободи полниот потенцијал на двете компании и да постигне решавачка дополнителна вредност за сите страни.“

Daimler Truck располага со повеќе од 40 фабрики ширум светот, со поевќе од 100.000 вработени. Компанијата опфаќа седум марки: BharatBenz, Freightliner, Fuso, Mercedes-Benz, Setra, Thomas Built Buses и Western Star. Целта е до 2025 година да се постигне двоцифрена оперативна маргина (заработка од вкупен промет, без даноци) во индустрискиот бизнис.

Новата централа е во Лајнфелден-Ехтердинген во близина на Штутгарт

Бизнисот е поделен во пет сегменти, секој со посебна оперативна маргина. Trucks North America (TN) има за цел да постигне заработка од 12 проценти од прометот. За сегментот Mercedes-Benz (MB) се калкулира со десет проценти. Сегментот Trucks Asia (TA) цели на девет проценти, а за посебниот сегмент Daimler Buses (DB) се планираат 7,5 проценти. Петтиот сегмент се финансиски услуги, од коишто се очекуваат 14 проценти чиста заработка.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

оливер ципсе bmw нов шеф

Директорот на BMW повторно избран за шеф на авто-производителите

Њујорк ќе воведува стотици Tesla Model 3 во такси служба