за

Моторни масла Циклон во понудата на Мак Аутостар

Моторни масла Циклон во понудата на Мак Аутостар
Моторни масла Циклон во понудата на Мак Аутостар

Увозникот за Mercedes-Benz и Mitsubishi Motors, а од пред две години и снабдувач на македонскиот пазар со резервни делови за сите марки на патнички, комерцијални и товарни возила, со пригодна свеченост го одбележа вклучувањето на моторните масла Циклон во својата понуда.

Компанијата Мак Аутостар, традиционалниот увозник на Mercedes-Benz и Mitsubishi Motors, отсега е адреса и за моторните масла од марката Циклон. Тоа е уште едно значајно проширување на дејностите, откако компанијата пред две години вклучи во својата понуда резервни делови за сите марки патнички, комерцијални и тешки товарни возила.

Премиум Бизнис Центарот на Мак Аутостар повторно се најде во славенички бои и звуци, кусо по неговото официјално отворање како прв деловен центар што почитува врвни стандарди од сите гледишта кои се однесуваат на овој вид објекти – еден вид „мерцедес“ меѓу бизнис центрите. Маслата Циклон доживеаја македонска премиера, во присуство на осумдесетина деловни партнери на компанијата, како и личности од јавната сфера и претставници од медиумите. За пријатната атмосфера секако дека по традиција се погрижија гласот и стасот на популарната пејачка Викторија Лоба.

New item by Automedia MK / Google Photos

„Како што соодветствува на брендот, и во овој дел на бизнисот (популарно наречен Афтер-маркет), Мак Аутостар соработува со странски компании, претежно производители, чија главна карактеристика е квалитетот и гаранцијата за производот. Добрата логистика, пристапните цени, навремената испорака и комуникацијата со купувачите се одлики со кои Макаутостар континуирано го зголемува бројот на коминтенти односно корисници на неговите услуги на полето на Афтермаркет работењето, изјави Димитар Џеков, директор за резервни делови во Мак Аутостар.

Циклон е светски реномиран бренд за средства за подмачкување со висок квалитет и во сопственост е на компанијата „Ел-Пи-Си“, подружница во целосна сопственост на групацијата „Мотор оил Хелас“, која поседува сопствени рафинерии за нафта.
New item by Automedia MK / Google Photos

Циклон веќе 35 години го следи духот на иновациите, високата технологија, економијата и заштитата на животната средина, постојано воведувајќи иновации во технологијата за подмачкување, заради обезбедување сеопфатна заштита на моторот на корисниците во целиот свет.

Исклучителните достигнувања на Циклон не се признаени само од Mercedes Benz, туку и од други автомобилски брендови, а Циклон воедно е снабдувач на американската војска, како и на силите на НАТО.

Новиот Mitsubishi L200 пристигна во Макауто Стар: Пикапот станува модерен

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ауби споредбен тест киа икс-сид против фв т-рок

Kia XCeed го победи VW T-Roc на споредбен тест во Ауто Билд

bugatti_chiron_noir

Специјален Bugatti Chiron зашто е црн и има славен предок