за

Специјален Bugatti Chiron зашто е црн и има славен предок

bugatti_chiron_noir
bugatti_chiron_noir

Најголемите колекционери на автомобили повторно имаат работа. Откако уникатниот La Voiture Noire предизвика огромна раздвиженост на сцената на најбогатите автомобилисти, Bugatti им излегува во пресрет со специјална серија од Chiron, со детали по пример на „црниот автомобил“. Сето тоа чини три милиони евра по парче, најмалку толку.

Легендарниот црн автомобил или оригинално на француски „La Voiture Noire“, беше посебна изведба на Bugatti Type 57 SC Atlantic, конструирана од Жан Бугати. Автомобилот се изработе во само четири примероци меѓу 1936 и 1938. По војната, своевремено најубавиот и најскап автомобил во светот, исчезна.

Дизајнерот Ахим Аншајт во март ја претстави современата интерпретација на „La Voiture Noire”. Уникатот е продаден за 18,68 милиони долари, со што ја заслужи титулата на најскап нов автомобил во историјата. Многу се шпекулираше околу сопственикот, се спомнуваше и името на Роналдо, но идентитетот остана неоткриен.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Сцената на најскапите и најексклузивни автомобили покажа голем интерес за „La Voiture Noire”. Bugatti излегува во пресрет на тоа, со две различни изведби од Chiron, кои ќе се изработат во ограничена серија. Едната има спортски нагласок и се води како „Chiron Noire Sportive”, другата е поелегантна и наречена е „Chiron Noire Élégance”.

Елегантната верзија има каросериски панели со видлива карбонска структура. Маската е дизајнирана поинаку, со славниот знак „макарон“ во средината, кој е целосно изработен од сребро и облагороден е со црн емајл. Препознатливиот страничен лак во е изработен од алуминиум има мат финиш. Кабината исто така поседува посебни детали.

Наспроти тоа, спортската изведба „Chiron Noire Sportive“ се одликува со детали со мат црн финиш. Тоа важи за лакот зад вратите, за тркалата, предниот спојлер и маската. Четирите издувни цевки од титаниумска легура се бојадисани црно и претставуваат дел од капакот на моторот. Во кабината уште повеќе доминира црната боја, заради нагласување на спортскиот карактер.

Осумлитарскиот мотор со 16 цилиндри располага со 1.500 КС и вртежен момент од 1.600 њутнметри. Специјалната серија е ограничена на 20 примероци, чијашто испорака ќе стартува во вториот квартал од 2020 година, по основна цена од три милиони евра.

Bugatti Chiron прв сериски модел побрз од 300 милји на час

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Моторни масла Циклон во понудата на Мак Аутостар

Моторни масла Циклон во понудата на Мак Аутостар

Lexus UX 250h

Хибридите најпродавани алтернативци, трипати повеќе од плагин-хибридите