Купра преговара со дилери во САД за почеток на продажбата во 2030 година

Купра Терамар имаше премиера на 3-ти септември во Барцелона. Шпанците преговараат за дилерство со Пенске Аутомотив

Купра, спортската марка на концернот Фолксваген, почна воведни преговори со Пенске Аутомотив Груп за можно партнерство, пред планираниот почеток на продажбата на пазарот во САД во 2030 година.

Шпанците во март најавија дека имаат намера да влезат на пазарот во САД во 2030 година. Вејн Грифитс, извршниот директор на Купра и Сеат, тогаш кажа дека продажбата на Купра во Соединетите Држави ќе се одвива „преку нов начин на дистрибуција.“

Не се откриени поединости околу можното партнерство, меѓутоа Грифитс во соопштението за медиуми на 22-ри ноември кажа дека Пенске е „водач во индустријата и има исксуство со групацијата Фолксваген, поради што ова потенцијално партнерство ветува многу“.

Пенске е трет најголем дилер во САД според рангирањето на Аутомотив Њуз, во конкуренција од 150 дилерски компании. Во 2023 година биле продадени 229.942 возила.

Купра воедно го назначи Бернхард Бауер, во моментов директор на Купра во Германија, за нов директор на Купра УСА. Местото на седиштето во САД и понудата од модели ќе бидат соопштени подоцна, кажаа од Купра.

Грифитс во март посочи на дел од стратегијата што Купра ќе ја следи на пазарот во САД. Марката ќе се продава прво во државите на источниот и западниот брег, како и во Сончевиот Појас. Во САД ќе се продаваат и модели со мотор со внатрешно согорување и приклучни хибриди и чисто електрични возила, кажуваат од Купра.

Во март, шефот кажа дека понудата од модели на Купра за САД ќе вклучува и батериска електрична изведба од компактниот кросовер Форментор, како и поголем кросовер што исто така ќе користи електричен погон. Грифитс напомена и дека големиот кросовер ќе се произведува во некоја од фабриките на концернот Фолксваген во Северна Америка.

За пазарот да го загрее за марката, Купра во октомври соопшти дека пред почетокот на продажбата во САД, марката ќе се вклучи во мотоспорт сцената во земјата.

Купра беше лансирана во 2018 година како подмарка на Сеат, со намера за таа да напредува од марка за широкиот пазар, во марка што нуди речиси премиум возила. Првиот модел што не се темели врз модел на Сеат е Форментор, што почна да се продава во 2020 година. Во понудата од модели на Сеат спаѓа компактниот електричен модел Борн, компактната комбилимузина Леон, електрчниот СУВ-модел од средна класа Таваскан, компактниот СУВ-модел Атека и СУВ-моделот од средна класа Терамар.

Купра Леон ВЗ ТЦР ќе се наптреварува во ИМСА Мишелин Пилот Челинџ 2025

Кон завршетокот на годинава, Купра ќе излезе со Равал, мала електрична комбилимузина, чијашто продажба ќе почне во првата половина од 2026 година.

Според првичните податоци од Датафорс, продажбата на Купра во Европа од јануари до октомври достигнала 180.582 возила, што е за 10 проценти подобро од лани. Во палновите на Купра за ширење низ светот се вклучени уште Мексико и Австралија.

Најпродаван модел на Купра во Европа е Форментор, со 80.592 возила до октомври. Следи Леон со продадени 46.399 возила, трет е Борн, којшто е варијанта на електричниот Фолксваген ИД.3, со продадени 33.319 примероци.

Претходна објаваБМВ Икс 2 · Тест · Двојката е голема бројка во БМВ
Следна објаваМерцедес ќе нуди поевтини батерии ЛФП во следната генерација на А-Класа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here