Купра од моделска изведба, во марка, до салон и нова автомобилска култура во Македонија

Повеќе од петстотини луѓе пристигнаа во саботата на отворањето на новиот салон на Сеат и Купра, одговарајќи на поканата од Порше Македонија преку друштвените мрежи и медиумите. Во поголемиот дел заслуга на вештиот маркетинг на увозникот, а во дел темелено и на големото име што шпанските марки го уживаат на македонската сцена, настанот донесе нова автомобилска култура, а можеби и се вратија старите времиња.

За менаџерите на Сеат и Купра не беше изненадување масовната посетеност на настанот на Порше Македонија. „Луѓе со години доаѓаа и нé прашуваа кога ќе почнете со Купра, постои голем интерес за марката“, кажуваат тие. Повеќе од петстотини гости во комплексот на Порше и за четири часови направени близу 160 пробни возења на дузина и пол тест-возила од сите марки на увозникот, освен Ауди и Порше, тоа најверно го отсликува интересот за шпанските марки на концернот Фолксваген.

Купра е име што како да е проколнато на успех на автомобилската сцена. Сé почна како ознака за изведбата со врвни перформанси во гамата на Сеат Ибица во 1996 година. Тоа дојде откако спортското одделение на Сеат, основано уште во 1970-те години, пред Купра постигнуваше одлични резулати во мотоспортот, во рели и на асфалт.

Името доби вистинска тежина дури откако три години подоцна почна да се користи за најспортските изведби на Сеат Леон. Во најсилната Купра во ерата на Сеат, Леон достигна 310 КС, бројни екслузивни серии и име што навистина ја достигна звучноста на еден Голф ГТИ.

Новото моделско годиште на Форментор, најпродаваниот модел на Купра, има редизајнирана маска со изглед на „нос на ајкула“.

Близу шеесет моделски изведби се појавија на сцената во периодот од 1996, од првата Купра, до завршетокот на моделското име во Сеат, со Леон Купра од генерацијата 5Ф во 2020 година.

  • Сеат Ибица (6К) 2.0 16В Купра, Прв фејслифт 1996-1998, мотор 2,0 литри, 150 КС
  • Сеат Ибица (6К) 2.0 16В Купра 2, Прв фејслифт 1998-1999, мотор 2,0 литри, 150 КС
  • Сеат Ибица (6К) 1.8 Т 20В Купра, Втор фејслифт 2000-2002, мотор 1,8 литар, 156 КС
  • Сеат Ибица (6К) 1.8 Т 20В Купра Р, Втор фејслифт 2000-2002, мотор 1,8 литар, 180 КС
  • Сеат Кордоба (6К) 1.8 Т 20В Купра, Втор фејслифт 2000-2003
  • Сеат Ибица (6Л) 1.8 20В Т Купра, 2004-2006, мотор 1,8 литар, 180 КС
  • Сеат Ибица (6Л) 1.9 ТДИ Купра, 2004-2006, мотор 1,9 литар, 160 КС
  • Сеат Ибица (6Л) 1.8 20В Т Купра, Прв фејслифт 2006-2007, мотор 1,8 литар, 180 КС
  • Сеат Ибица (6Л) 1.9 ТДИ Купра, Прв фејслифт 2006-2007, мотор 1,9 литар, 160 КС
  • Сеат Ибица (6Ј) СЦ 1.4 ТСИ Купра ДСГ, 2009-2012, мотор 1,4 литар, 180 КС
  • Сеат Ибица (6Ј) СЦ 1.4 ТСИ Купра Боканегра ДСГ, 2009-2010, мотор 1,4 литар, 180 КС
  • Сеат Ибица (6Ј) СЦ 1.4 ТСИ Купра ДСГ, Прв фејслифт 2013-2015, мотор 1,4 литар, 180 КС
  • Сеат Ибица (6П) СЦ 1.8 ТСИ Купра, Втор фејслифт 2016-2016, мотор 1,8 литар, 192 КС
  • Сеат Леон (1М) 2.8 В6 Купра 4, 2000-2002, мотор 2,8 литри, 204 КС
  • Сеат Леон (1М) Купра Р, 2002-2003, мотор 1,8 литар, 210 КС
  • Сеат Леон (1М) Купра Р, 2003-2005, мотор 1,8 литар, 225 КС
  • Сеат Леон (1П) Купра, 2005-2009, мотор 2,0 литри, 240 КС
  • Сеат Леон (1П) Купра, Прв фејслифт 2009-2011, мотор 2,0 литри, 240 КС
  • Сеат Леон (1П) Купра, Прв фејслифт 2009-2012, мотор 2,0 литри, 265 КС
  • Сеат Леон (5Ф) Купра 265, 2014-2016, мотор 2,0 литри, 265 КС
  • Сеат Леон (5Ф) Купра 280, 2014-2015, мотор 2,0 литри, 280 КС
  • Сеат Леон (5Ф) Купра 290, 2015-2016, мотор 2,0 литри, 300 КС
  • Сеат Леон 5Ф Купра СЦ, 2014-2016
  • Сеат Леон 5Ф Купра СТ, 2015-2016
  • Сеат Леон (5Ф) Купра 290 ДСГ, Прв фејслифт 2018-2020, мотор 2,0 литри, 290 КС
  • Сеат Леон (5Ф) Купра 300 ДСГ, Прв фејслифт 2017-2018, мотор 2,0 литри, 300 КС
  • Сеат Леон (5Ф) Купра Р, Прв фејслифт 2017-2018, мотор 2,0 литри, 310 КС
  • Сеат Леон 5Ф Купра СЦ, Прв фејслифт 2017-2018
  • Сеат Леон 5Ф Купра СТ, Прв фејслифт 2017-2020

Понудата од модели на Купра, марката што уште Лука де Мео, денес извршен директор на групацијата Рено, најави дека ќе се издвои како посебна марка покрај матичниот Сеат, во Порше Македонија во моментов ги вклучува Купра Форментор и Купра Леон. В година доаѓа големиот СУВ од средна класа Терамар, којшто во нашиот Порше задолжително ќе биде придружен со електричен модел, со Купра Борн, чисто електрична изведба врз база на Фолксваген ИД.3.

Веб-страницата на Купра во Македонија, со конфигуратор и сите информации околу техничките податоци и опременоста

https://www.cupraofficial.mk/

Настанот мина одлично и тој ќе биде клучен за сé што во иднина ќе се случува со шпанската марка на македонската сцена, и секако клучен за начинот на којшто купувачите ја доживуваат марката. Настанот мина, а тоа што остана е салонот, домот на Купра и Сеат. Таму всушност се одвива вистинската драма.

Просторот се разликува буквално уште од влез. Место автомобили што пречекуваат веднаш од врата, тука прво се гледа во Купра Ајленд, островот на марката. Тоа е простор со удобно поставени двоседи и фотелји, раскошно одмерен за човек да сака навистина да помине време во салонот. Тоа што можеби би изгледало чудно за салон-тестери, што влегуваат во салон само колку да ги видат цените и да си се охрабрат дека на автоплац со користени за тие пари ќе купат две Ауди С 8 од 2001-ва, за вистински потенцијалните клиенти на Купра и Сеат е најприродната средина.

Клиенти доаѓаат тука со предзнаење за марката, за цените, за силината на моторите, за опремата, во салон единствено се донесува конечното решение и се прави изборот. Затоа се разликува просторот. Купра не продава цени, туку автомобили што вредат.

Во необично светло се покажува и најпретставителниот модел на Купра во моментот, поставен во издвоената галерија што гледа директно на југ и опкружена е со стакло од сите страни. Тоа го прикажува автомобилот во улога на ѕвезда.

Уште една посебност на салонот е Купра Вол, ѕидот што целосно е покриен со едноставно обработени и поради тоа природни дрвени лајсни, со логото на Купра изведено од нив. Тоа е простор што е наменет за Купра и Сеат, точно нивен дом.

Како што се навлегува во салонот следи бутик со прибор и облека, а по него е „работното“ место, каде што се избира опременоста, бои, тркала, пакети и сето тоа се следи на огромен дисплеј.

Просторот го дополнува еден вид сепаре, исто така издвоен со дрвени лајсни, каде што се потпишува договорот, се преговара со деловни клиенти што нарачуваат повеќе возила, точно врвот во купувачкото искуство.

Оригинално осмислената архитектура создава впечаток дека човек се наоѓа во посебен простор, како да е точно во Шпанија

Скапите плочки долу што потсеќаат на камен, ѕидовите со абриб што потсеќа на грубо малтерисување и точно така постигнуваат благороден ефект, природните бои, дрвото, осветлувањето, сето тоа потсеќа на Купра и Сеат, а со тоа и на Шпанија. Менаџерите потсетуваат дека целиот материјал што е вграден во салонот е од оригиналните добавувачи, односно истиот материјал, мебел и финиш ќе се види и во салон во Барцелона или Минхен.

Секако, главното е заштитната боја на Купра, бакарната, којашто почнува од логоата на возилата, се пренесува во кабината, па досега до тотемите на коишто се напишани податоците за изложените возила.

Претходна објаваМерцедес е стандардот во новиот лаунџ-бар под трикраката ѕвезда во Скопје
Следна објаваОсвен тоа што погонот е на струја, сé друго е Порше

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here