Четврта година во низа, Ситроен добива одликување од Конзумер Чоис, водечки систем за вреднување на марките во Португалија. Во конкуренција во категоријата на доставни возила беа 10 марки, Ситроен е прогласен за Избор на Професионалците.
Со освоени 85,1 проценти од најголемиот број бодови што може да се освојат, Ситроен и годинава е „Марка број 1 по избор на професионалците“. Обемот на овој избор остава впечаток со бројноста на категориите во коишто се избираат најдобри марки, во корист на потрошувачите. Изборот се одржува 11-та година.
Оцените доаѓаат од жири што се состои од 356 стручни лица од секторот на доставни возила. Деветте конкуренти на Ситроен не се наведуваат во извештајот за изборот.
Жирито се раководеше според покажаните квалитети на доставните возила на Ситроен во поглед на услугите за клиентите, лесниот пристап до товарниот простор, издржливоста, гаранциите за деловите и приборот, сервисната мрежа, клиентските договори, комфорот, квалитетот на марката, трошоците за одржување и сервисната служба.
Понудата од модели на доставни возила на Ситроен на португалскиот пазар се состои од познатите Берлинго, Џампи и Џампер, достапни и на македонскиот пазар, меѓутоа значајна разлика прави четвртиот член. Тоа е Ами Карго, доставна изведба на електричниот четирицикл, што е совршен за достава на пратки до врата. Секако дека и останатите три модели се достапни во изведба со целосно електричен погон. Берлинго со погон на струја во ценовникот на Автонова стои со 33.043 евра, без ДДВ.
View this post on Instagram
Лани во Португалија биле продадени преку 3.300 доставни возила на Ситроен, во услови на жестока конкуренција и голем пазар, имајќи предвид дека масата туристи што ја посетува земјата прави доставата на производи и услуги да биде голем предизвик.
Берлинго, патем, се произведува во Португалија. Триото од доставни возила на Ситроен лани имаше моделско освежување, Берлинго меѓу другото е прв модел на којшто на македонскиот пазар првпат го видовме новото лого на марката.
















