Кинески Чанган бара локација за фабрика за автомобили во Европа

„Посветени сме да бидеме во Европа и во Европа да произведуваме за Европа,“ изјави Ник Томас, директор за маркетинг и продажба на Чанган, за време на пробните возења на електричниот СУВ-модел Дипал С07, на настанот што беше организиран во близина на Лондон.

„Бараме решение за да произведуваме локално,“ додаде Томас.

Томас не наведува датум кога би почнала со работа идната фабрика на Чанган во Европа, но посочи дека „веќе сме убедени дека ќе постигнеме добра продажба, така што сме во напреднати планови.“

Чанган е партнер на Форд во Кина и почна со продажба на својот Дипал С07 во Германија, Норвешка, Данска и Холандија. СУВ-моделот почнува од 45.000 евра. Во текот на годинава ќе биде лансиран и моделот Чанган С05, за в година да следи Чанган Е07, најави кинескиот производител за време на лансирањето на моделот С07 во Германија во март.

Компанијата планира до 2030 година да располага со мрежа од преку 1.000 дилерства, во споредба со околу 100 постоечки дилерства. Чанган планира да има осум модели во својата понуда.

Чанган е 16-от најголем производител на автомобили во светот во 2024 година, со преку 2,2 милиони продадени возила.

Томас посочи дека Чанган во минатата година продал 600.000 возила надвор од Кина, со план годинава да се надминат 1 милион возила.

Чанган ѝ се придружува на низата кинески производители на автомобили, што започнаа со продажба во Европа, како БИД и Чери.

ЕУ воведе царини за електрините автомобили од кинеско производство, но и БИД и Чери имаат планови за да произведуваат локално и да ги избегнат царините. БИД гради фабрика за ЕВ во Унгарија, додека Чери произведува во Шпанија, со локалниот партнер Ебро.

Претходна објаваМерцедес ќе го произведува новиот ЦЛА во три смени поради висока побарувачка
Следна објаваФиат почна со продажба на новата 500-ка со благ хибриден погон, 17.000 евра во Италија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here