BMW во ноември за малку го пропушти прагот од 200.000 продажби. Растат пазарите во САД и Кина, серијата 3 и целото семејство модели X имаат значителен раст од почетокот на годината, но најмногу убедуваат електричните возила, чијашто продажба се зголемила за близу петина.
Баварскиот концерн го задржа позитивниот тренд во продажбата и во претпоследниот месец од годинава. Испораката на возила од целиот концерн во светски рамки порасна за 1,4 процент, на 225.662 возила. Вкупната продажба од почетокот на годината изнесува 2.296.174 возила од марките BMW, Mini и Rolls-Royce, што претставува зголемување од 1,7 процент.
Шефот на продажба Питер Нота е особено горд на моделите со електричен погон: „Особено радува и трендот кај нашите електрифицирани возила, кои во ноември забележале раст во продажбата од 18,4 проценти, што е нов рекорд. Во минатиот месец, еден од секои пет примероци од серијата 5 беше плагин-хибрид.“
Само марката BMW во ноември има раст од 2,9 проценти и вкупно 194.690 продадени возила. Од почетокот на годинава, ширум светот се регистрирани 1.972.394 автомобили со знакот на BMW, односно за 2,4 проценти повеќе отколку лани.
Покрај луксузните модели, напредува и продажбата на новите или освежени модели од семејството X. Тие постигнале 870.267 продажби или за 23,1% повеќе отколку во истиот период лани. Одлични бројки постигнува и серијата 3 во лимузинската изведба (+33,7%) и комбито Touring (+21,6%).
Електричните и плагин-хибридните модели на BMW во ноември постигнале 17.480 продажби
За ноемврискиот рекорд во продажбата на моделите со електричен погон придонесоа плагин-хибридите, со 13.590 примероци (+20,3%). Кај специјализираната подмарка, BMW i3 и BMW i8 од почетокот на годинава имаат постигнало 38.497 продажби (+18,0%). Одличен раст од дури 50,0% има кај плагин-хибридот Mini Cooper S E Countryman All4, со 1.950 примероци во ноември.

Баварците дополнително ја подржуваат електромобилноста со тоа што ќе постават повеќе од 4.100 станици за полнење на сите свои локации ширум Германија до 2021 година. До крајот на истата година се планира и вкупната продажба на електрични модели од концернот да надмине еден милион примероци. Една четвртина од продажбата тогаш ќе отпаѓа на модели со електромотор во погонската спрега, во 2025 година нивниот удел ќе се зголеми на 30%, а во 2030 година веќе половината автомобили од куќата ќе возат на струја, како хибриди или чисто електрични возила. До 2023 година, групацијата BMW ќе нуди 25 вакви модели, од кои повеќе од половината само на струја.
Продажба на BMW & MINI
|
|
Ноември 2019 |
Тренд % |
До 11/2019 |
Тренд % |
|
Европа |
91.457 |
-5,1 |
985.749 |
-1,4 |
|
28.833 |
-2,9 |
298.526 |
+3,0 |
|
17.597 |
-1,2 |
210.594 |
-2,6 |
|
Азија |
87.445 |
+9,2 |
844.976 |
+6,9 |
|
68.366 |
+12,1 |
655.783 |
+13,6 |
|
5.241 |
-29,0 |
64.435 |
-7,1 |
|
Америка |
42.407 |
+3,4 |
412.837 |
+0,4 |
|
34.280 |
+7,6 |
322.862 |
+1,7 |
|
4.427 |
-8,8 |
49.008 |
-1,5 |
Продажба на возила од BMW Group
|
|
Ноември 2019 |
Тренд % |
До 11/2019 |
Тренд % |
|
BMW Group Automobile |
225.662 |
+1,4 |
2.296.174 |
+1,7 |
|
BMW |
194.690 |
+2,9 |
1.972.394 |
+2,4 |
|
MINI |
30.509 |
-6,8 |
319.125 |
-2,7 |
|
BMW Group електро + плагин хибрид |
17.480 |
+18,4 |
128.214 |
+2,3 |
|
BMW Motorrad |
11.791 |
-4,4 |
161.368 |
+6,0 |
Mini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин
https://www.instagram.com/p/B50UAYyHIxw/
















