за

Идејата за менување на логото на BMW не мина најдобро

BMW ново лого анкета
BMW ново лого анкета

Новото лого на BMW предизвикува спротивставени ставови. Едно истражување покажа дека стариот заштитен знак на Баварците се цени многу повеќе.

BMW го прикажа новото лого. Целта беше на тој начин да се одговори на „промените во очекувањата и навиките“, како што беше наведено во соопштението од компанијата. Но, многумина не се сложуваат со тоа. Во истражувањето од институтот YouGov, за старото лого позитивно се изјаснија 49 проценти од испитаниците, кои оценија дека тоа е одлично или многу добро. Истото мислење за новото лого го имаа само 28 проценти од анкетираните лица. За истражувањето, половина испитаници го добија на увид старото, а другата половина новото лого, но без можност за директна споредба на двете верзии на логото.

Дури по изјаснувањето, учесниците можеа да ги погледнат двете лога заедно. Притоа се покажа уште поголема разлика во оцените. Дури 71 проценти од испитаниците ценеа дека во директна споредба е подобро старото лого, додека само осум проценти се решија да искажат повеќе симпатии за новото лого.

Новото лого сепак е наменето само за комуникацијата. Тоа нема да се користи на автомобилите и мотоциклите на BMW, исто како и на објектите на дилерите.

BMW Concept i4
BMW Concept i4

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

електрични автомбоили краш тест 1

Електричните автомобили издржуваат најтешки краш-тестови

пуштање автомобил трамбулина

Скок на автомобил врз трамбулина од висина од 45 метри