Електричниот БМВ М3 стартува со продажба в година

БМВ во Леман ја најави иднината на својата М ГмбХ и приреди спектакл со електричната М3 со четири електромотори и техника од тркачки болиди.

Светската премиера на БМВ М Концепт Ное Класе не дојде како изненадување. Инженерите во М ГмбХ уште пред повеќе од една година јавија дека работат на нова генерација на електрични возила со високи перформанси, како дел од Ное Класе.

Минхен досега ги најавуваше своите електрични возила со перформанси достојни за М ГмбХ преку маскирани прототипи и експериментални возила, како дел од Вижн Драјвинг Експериенс. Сега првпат се појавува возило што очигледно е блиску до сериско производство.

Концептното возило БМВ М Концепт Ное Класе, од една страна покажува како ќе изгледаат идните „М“ на марката, но уште поважно е тоа што го покажува начинот на којшто ќе се пренесат гените стекнати во мотоспортот во ерата на елеткричните возила.

Новиот стил на М-огранокот се сведува на функционални зафати. Крилата се проширени, масивните странични прагови ја „лепат“ каросеријата за земја, и својствено за М, каросериските превиси напред и назад се куси.

Напред е впечатлив изгледот на нос на ајкула, а се забележува и карактеристичната графика на светлата. Светлата и бубрезите на БМВ се втопени во целина. Жолтите светла потсетуваат на тркачките болиди во ГТ-наптерварите, но и на БМВ М Хибрид Ве-8 од трките во издржливост.

Друга посебност се тридимензионалните „Трак лајтс“ во предниот и задниот браник. Во комбинација со т.н. тримаран-дизајн, браниците даваат изглед како на тркачки автомобил.

Многу внимание е посветено и на аеродинамичноста. Ретровизорите имаат посебна форма, во предната хауба се забележува голем отвор за воздух, долу во браникот јасно се издвојува сплитерот, назад има масивен дифузор и заден спојлер во форма на опаш на патка. Тоа се зафати што повеќе служат за подобрување на ладењето, водењето на воздухот и потисокот, отколку за изглед.

Техниката веќе е позната

Додека во дизајнот има многу новини, техниката веќе неколку месеци се тестира во екстремни услови на тркачки патеки. БМВ уште во почетокот на 2025 прикажа експериментален автомобил со суперлативи, којшто служеше за тестирање на техниката на идните електрични М-модели. Под каросеријата на тој автомобил е технологијата што сега се најавува со М Концепт Ное Класе.

Срцето на погонската технологија е централниот компјутер што се нарекува „Харт од Џој“, односно срце на уживањето, во смисла на мотото на марката, уживање во возењето. За разлика од денешните возила коишто поседуваат бројни контролни уреди, БМВ во иднина ќе ги соедини сите функции што се важни за возењето во еден и единствен компјутер со високи перформанси. Тој компјутер раководи со погонот, сопирачките, рекуперацијата, контролата на стабилноста, управувањето, полнењето на батеријата.

Компјутерот е десетпати помоќен отколку во досегашните модели на БМВ. Работата на погонската спрега се следи и до 10.000 пати во една секунда. БМВ ветува значително побрза реакција, попрецизна возна динамика и оптимална потрошувачка.

Следниот М3 ќе поседува четири електромотори

Вистинската сензација е во новиот систем БМВ М еДрајв. Производителот потврди дека погонот ќе биде дело на четири електромотори. Секој од нив може да се управува посебно и се грижи точно за „своето“ тркало. На овој начин се постигнува многу поверодостојна распределба на вртежниот момент отколку со класичниот погон на сите тркала со блокада на диференцијали. Системот може за миг да ја пресмета оптималната моќност и да ја испорача.

Досегашните експериментални возила најавија неверојатни вредности на моќноста. БМВ тестираше техника што може да испорача моќност до 1 киловат. Тоа се 1.360 КС. Погонот во експерименталниот Вишн Драјвинг Експериенс располага со преку 1.000 КС и со 18.000 њутнметри што се пренесуваат на тркалата. Не се спомнуваат конкретни вредности за серискиот автомобил.

Електромоторите „сопираат“ речиси како класична сопирачка

Клучна улога во возната динамика ќе добие рекуперацијата. Четирите електромотори при секое забавување работат како генератори и го претвораат залетот во струја. Бидејќи секое тркало се контролира посебно, системот презема и фунции за коишто досега се користи механичката сопирачка.

БМВ зборува за зафати со функција на торк-векторинг – а тоа е различна распределба на вртежниот момент до тркалата во свијоци – понатаму функција на стабилизација, па и сопирање, што ќе се врши преку електричниот погон. Рекуперацијата доволно ќе го забавува возилото во 98 проценти од возното сценарио. Класичната механичка сопирачка со фрикција меѓу облогите и дисковите, ќе се користи само при силно забавување. На тој начин, ефикасноста се зголемува до 25 проценти.

Батерија од преку 100 киловатчасови и 800-волтна техника

Основа за силните перформанси дава технологијата Ген 6 на Ное Класе. Батеријата располага со капацитет од преку 100 кВч и работи под напон од 800 волти. Посебно за БМВ М се развиени тркалезни ќелии, коишто нудат предности и при полнењето и во поглед на моќноста. Притоа, батеријата е носечки дел од каросериската школка. Куќиштето на батеријата ги спојува предната и задната оска и со тоа дополнително ја скрутува каросеријата и придонесува за попрецизна возна динамика.

Тежината е голем предизвик. БМВ првпат користи во голем обем композитни материјали што содржат природни влакна. Тие се користат главно за надворешноста, за спојлерите, за дифузорот, за отворот во хаубата.

Овие материјали со природни влакна се користат и за школкестите седишта. Во концептниот автомобил се користат мерино кожа во сино-црвена комбинација, површини од нубук и црвени безбедносни ремени во пет точки. Сцената се надева дека сите овие најави ќе бидат остварени во серискиот М3.

Претходна објаваForthing S7 REEV · Најбензинскиот електричен автомобил на пат од 750 км низ Македонија
Следна објаваМерцедес-Бенц започна со производство на луксузниот електричен ВЛЕ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here