Камери од 10 милиони евра го проверуваат лакирањето во БМВ

Место човечко око, камери вршат автоматска проверка на површините при изработката на каросериите на БМВ во фабриката во Динголфинг.

БМВ вложи 10 милиони евра за осовременување на завршната фаза во изработката на каросериите за своите модели што ги произведува во Динголфинг.

Бројни предности носи обновената точка за површинска проверка на каросериите на БМВ, почнувајќи од побрза обработка, поголема ефикасност и уште повисок квалитет. Меѓу новините спаѓа и тоа што автоматското проверување, дали постојат отстапки во површинскиот изглед, сега може да се врши и на нелакираните подрачја од каросериите.

Проверката сега трае една третина покусо. Директорот на фабриката во Динголфинг, Кристоф Шредер вели дека со тоа „консеквентно вложуваме во БМВ ајФактори и ги користиме потенцијалите на дигитализацијата, за да станеме уште поефикасни и да ја зајакнеме конкурентноста на нашата фабрика.“

Иновативната постапка првпат се користи во изработката на каросериите

Автоматска проверка на површините со помош на роботи веќе се применува во бројни лакирници од групацијата БМВ, исто и во Динголфинг. Системот ги препознава отстапувањата преку т.н. дефлектометрија. Тоа значи дека големи монитори проектираат црно-бели ленти врз површината на возилото, коишто потоа ги скенираат камери и во рефлексиите од лакот се препознаваат и најситните отстапки. Во случај да се појави остапка, тоа веднаш се регистрира во компјутерскиот систем.

„Предизвикот беше овој систем да се примени и на површини што не рефлектираат и на мат површини, како што се нелакираните и брусени делови од ламарината на суровата каросерија,“ објаснува специјалистот за производство Даниел Штефан Илиг.

БМВ Икс 3 · Тест · Погонот лична карта, возните својства пасош

Тој додава и дека вработените што претходно биле поставени на проверка на површинскиот квалитет, сега работат на места на коишто се создава повисока дополнителна вредност. Се смалува и потрошувачката на материјал, вклучувајќи брусна хартија, па и нараквици.

Динголфинг е најголемата фабрика на БМВ во Европа и ги произведува моделите од сериите 4, 5, 7, 8 и и-Икс, но и каросерии за Ролс-Ројс.

Претходна објаваТрамп сака Кинезите да градат фабрики во САД, но прво домашните производители да поднаучат
Следна објаваКарабиниерите 75 години возат Алфа Ромео

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here