за

Серија 3 на BMW во освеженото годиште стартува со продажба

Со свежи зафати во изгледот, нагласен премиум печат во внатрешноста и големи новини во дигитализацијата, ракувањето и опремата, новото моделско годиште на Серијата 3 на BMW веќе стартува со продажба во М Кар.

Зафатите во изгледот на предниот и задниот дел се направени со цел да се нагласи спротскиот карактер, како главна одлика на серијата 3 на BMW. Моделското освежување ги опфати и лимузината и комбито Touring. Во салонот на BMW во Македонија се изложени неколку примероци од новото моделско годиште на серијат 3.

Во исто време со германскиот и останатите големи пазари за баварската марка, увозникот за BMW за Македонија стартува со продажба на освежената серија 3. Лимузинската изведба, освен во Минхен, ќе се произведува и во Мексико, во Сан Луис Потоси. Во моментов се работи и на посебна изведба само за кинескиот пазар, којашто се развива заедно со кинескиот партнер Brilliance и којашто ќе се произведува во Шенјахг.

Со големите отвори за воздух, предниот браник сега внесува многу поспортски печат во изгледот на серијата 3. Главните промени се во светлата и во BMW-бубрезите. Стандардно се вградуваат светла со диодна техника за сите функции, коишто се потенки и со јасната контура и со дневното светло во форма на превртено L придонесуваат за помодерен изглед. Како опција се нудат приспособливи диодни светла, коишто се познаваат по сините детали во внатрешноста.

Контурите на бубрезите се незначително сменети, но сосем се нови двојните пречки во нив, за впечаток на моќ. Нагласокот под бубрезите доаѓа од отворите за воздух што се лакирани во сјајна црна боја и служат за ладење на сопирачките.

Задниот браник сега во поголем дел е лакиран во боја на каросеријата. Хоризонталните линии, тенките светла и раширените крила ја нагласуваат ширината на каросеријата и создаваат впечаток дека лимузината и комбито лежат цврсто на патот. Издувните цевки имаат пречник од 90 или 100 mm, зависно од моторот.

Во обемот на стандардна опременост сега спаѓаат и рамките на прозорците, коишто се лакирани во сјајна црна боја, како највидлив дел од пакетот M Shadow Line со висок сјај. Исто и тркала од 17 инчи сега се стандард уште во појдовните моделски изведби.

Со доплата за M-спортски пакет се добива уште поголем нагласок на динамиката, преку различната мустра во бубрезите во маската, како и сменетиот изглед на предниот и задниот браник. Дел од пакетот се тркала од 18 инчи, со различна димензија напред и назад. Првпат како опција се нуди и M Sportpaket Pro, со проширен обем на M Shadow Line со висок сјај, со M Shadow Line во светлата и M-спортски сопирачки со црвени клешти..

Нови бои се Skyscraper-сива металик и M Brooklyn-сива металик, во комбинација со M Sportpaket. Од специјалните бои на BMW Individual, нови се Frozen Pure Grey metallic и Frozen Tanzanite Blue metallic. На тоа следат уште 150 бои од BMW Individual.

Преработениот кокпит стандардно доаѓа со BMW Curved Display

Главната промена во новото моделско годиште е во широкиот и заоблен дисплеј, што е стандард во целата серија 3. BMW Curved Display се состои од дигитални инструменти од 12,3 инчи и средишен дисплеј од 14,9 инчи. Значително е смален бројот на копчиња и регулатори, во корист на говорните команди и ракувањето преку диспелјот.

Нова форма има бирачот за возење на 8-степениот Steptronic. Заедно со бирачот, во конзолата се наоѓаат уште копче за старт, iDrive Controller, копчиња за режим на возење, паркирна сопирачка и други функции.

Дел од стандардната опрема во новото моделско годиште е тризонска автоматска клима, со ракување преку говорни команди и преку дисплејот. Исто во состав на опремата влчегуваат и внатрешен ретровизор со заштита од заслепување, пакет прегради и паркинг сензори напред и назад. Сите модели располагаат со BMW Live Cockpit Plus, вклучувајќи навигација BMW Maps.

Вообичаено богатата понуда од мотори опфаќа по четири дизели и бензинци, вклучувајќи и шестцилиндарци, како и верзии со приклучен хибриден погон или благ хибриден погон. Дијапазонот на моќност се движи од 150 КС до 374 КС. Менувачот секогаш е 8-степен Steptronic.

Во ценовникот на М Кар е објавена редовна цена за BMW 318i од 45.370 евра и акциска цена од 47.990 евра, во којашто е вклучен пакет M Sport, со автоматски долги светла, спортско управување со променлив пренос, задна камера, амбиентално осветлување и уште низа ставки.

Најбрзиот багажник од кубик и пол во светот: BMW M3 Touring

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Половина час од Белви до Сарај во недела, а во понеделник?

Овој автомобил го собира штетниот воздух од другите автомобили