Шефот на концернот Фолксваген ја откажува двојната функција, Порше ќе добие нов шеф

Оливер Блуме кажа дека истовременото шефување со концернот ФВ и со Порше не било замислено да трае долгорочно, но не наведе до кога ќе трае тоа.

Оливер Блуме, (д.) шеф на концернот ФВ и на Порше, и Томас Шефер (л.), шеф на марката Фолксваген, покрај ИД.ГТИ

Оливер Блуме се подготвува да го препушти своето место на извршен директор на Порше и да се посвети на раководењето со концернот Фолксваген. Веста ја објави гермнанскиот економски магазин Виртшафтсвохе, повикувајќи се на извори во компанијата.

Акционерите постојано негодуваа за двојната улога на Блуме, како шеф на концернот Фолскваген и на Порше, уште откако спортската марка настапи како посебна компанија и ги понуди своите акции на јавно тргување на берзата, во септември 2022 година.

Во моментов се бара наследник и се водат разговори меѓу Оливер Блуме, претседателот на надзорниот одбор на Фолксваген, работничкиот совет и претставници на фамилиите Порше и Пиех, пишува Виртсшафствохе.

Фамилиите Порше и Пиех го контролираат Фолксваген преку својата холдинг компанија Порше СЕ, којашто поседува мнозински удел од одборничките места со гласачко право во компанијата со седиште во Волфсбург.

Изборот на новиот шеф се очекува да биде објавен наесен, со преземање на функицијата во почетокот на 2026 година, стои во објавата на магазинот. Во предвид се земаат и внатрешни и надворешни кандидати.

Оливер Блуме повечепати има напомената дека истовременото шефување со концернот ФВ и со Порше не било замислено да трае долгорочно, но не наведе до кога ќе трае тоа.

Претходна објаваАуди Ку-3 Спортбек со згодна линија и мала доплата за тоа
Следна објаваФолксваген и Рено заслужни за растот од 5,5 проценти на јулскиот пазар, се бараат хибриди, Кинезите подзабавија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here