Bentley, а троши колку градско мини

Новиот Flying Spur Hybrid е втор модел на Bentley што користи електромотор во погонската спрега и воедно е најштедлив модел во историјата на британската марка. Според нормите, хибридниот Bentley троши 3,3 литри бензин на сто километри.

Планот на автомобилската марка од Кру е да стане лидер меѓу производителите на луксузни автомобили во грижата кон животната средина и одржливоста. До 2024 година, сите модели што ги нуди Bentley, ќе бидат достапни и со хибриден погон, поточно со приклучен хибриден погон и можност за полнење на батеријата. Тоа ќе биде вовед во големата пресвртница, којашто ќе се случи со претставувањето на првиот батериски електричен автомобил на Bentley во 2025 година. Пет години подоцна, Британците повеќе нема да произведуваат автомобили во коишто работи мотор со внатрешно согорување.

Електрификацијата на Flying Spur не скусува од врвниот луксуз и од перформансите на овој ултимативен автомобил. Хибридниот погон дури и помага за чувството во возење да биде попрефинето.

Погонската спрега се состои од 2,9-литарски V6 бензинец и електромотор со врвна ефикасност, коишто заедно произведуваат системски 544 КС и 750 њутнметри. Тоа се околу 96 КС повеќе отколку во Bentayga Hybrid. При поаѓање со полна батерија и полн резервоар, Flying Spur може да помине повеќе од 800 километри.

Спринтот до темпо сто трае 4,3 секунди. Електромоторот добива енергија од батерија со нето-капацитет од 18 kWh. Полнењето трае најмалку 2,5 часа. Со полна батерија, луксузниот крстосувач од преку 200.000 евра може да извози 41 километар чисто на електрична енергија.

Претходна објаваНовото лице на новиот ŠKODA KAROQ е тука!
Следна објаваStellantis го купи бизнисот на Mercedes и BMW за изнајмување автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here