Нова марка од Кина почнува на македонскиот пазар во време кога ЕУ првпат научи да стравува од не толку новата автомобилска велесила. Македонија барем овојпат е во улога на среќен потрошувач на кинеските автомобили, затоа што ниту има фабрики за автомобили, ниту големи добавувачи на компоненти за фабриките за автомобили, што ќе бидат засегнати. Така се образложува генерално позитивниот став на македонските возачки и возачи кон автомобилите што ни доаѓаат од Кина.
Господин Владислав Тентов, под чијашто надлежност е сé што се случува на македонскиот пазар околу возилата на БАИК, најверно ги објасни нештата, во еден приватен разговор за време на свеченоста: „На Јапонците им беа потребни 40 години за да се пробијат на пазарот, потоа на Корејците им беа потребни 20 години, сега Кинезите го постигнаа тоа за десет години“. Тие десет години се чини дека веќе се одминати, кинеските автомобили веќе станаа редовен понудувач на автомобили на европскиот пазар.
БАИК кусо пред свеченото пуштање на марката во оптек на македонскиот пазар, се појави во насловите од светската автомобилска сцена, откако поранешниот дизајнер на Џенерал Моторс, Лотус, Мерцедес-Бенц, Сааб, Рено, господин Ентони Ло, потпиша за функцијата на главен дизајнер. Така во основа се објаснува, зошто автомобилите на БАИК во салонот на Цилаз, историска локација на македонската автомобилска сцена, изгледаат толку убедливо – иако се дизајнирани години пред да биде повикан Ло во редовите на БАИК.
Компанијата во државна сопственост е основана во 1958 година и во раните години остварува соработка со Американ Моторс Корпорација, каде што припаѓа марката Џип во 1980-те години. Следат соработки со Хјундаи и Мерцедес-Бенц, откако Пекинг дозволи странски компании да вложуваат во фабрики, но задолжително во пар со домашни компании. Така Кинезите научија да произведуваат автомобили, од најдобрите.
Пејжин би било најблиску до оригиналното кинески изговарање на маркава, што сосем јасно се води според Пекинг. Веројатно дури сега светов ќе почне повеќе да внимава на правилното изговарање. Тоа е марка на БАИК, исто како Аркфокс и Баик ОРВ. Компанијата до денес има продадено преку 31 милиони возила, со присуство на повеќе од 110 пазари.

На свеченоста во салонот на Цилаз беа изложени пет модели. Понудата почнува со лимузината У5 Плус за којашто многумина на свеченоста препозна дека спаѓа во класата на големката на нашата сцена, Тојота Корола. Лимузината од 4,66 метри повеќе зафаќа во средната класа, а не недостига и моторизација, со 1,5-литарец со 113 КС. Менувачот е ЦВТ. Опременоста е беспрекорна, со пристап и старт без клуч, паркинг сензори и камера, дигитални инструменти од 7 инчи, во заедничка целина со средишен дисплеј од 12,3 инчи, секако и клима уред. Цената е 21.900 евра. Тоа во дел укажува на целната група. БАИК ги сака купувачите што не го бараат најевтиното, туку тоа што може да се добие најмногу за парите.
Најдостапна цена во гамата има СУВ-моделот Икс 35, во класа на Пежо 2008 и Рено Каптур, исто така со 1,5-литарец со 136 КС, мануелен менувач и цена од 17.900 евра. Тоа што најсериозно ќе го гради имиџот на кинескиот производител на македонскиот пазар, веројатно е Икс 55, модел во сегментот на компактните СУВ, со цена од 28.900 евра. Тоа се однесува на автомобил долг 4,62 метри, со 1,5-литарец со 177 КС, седумстепен менувач со двојна спојка и тркала од 19 инчи како стандард. Ако треба да се издвои една ставка од опремата, што укажува верно на тоа што го нуди Икс 55: Стаклен панорамски покрив по цела површина.
Икс 7 веројатно е автомобилот со којшто кинеските дипломати ќе си ја претставуваат земјата. Тоа е веќе СУВ од средна класа, најсвежо додаден во понудата. Сосем е јасно дека се нуди премиум возило. За тоа да биде прифатено, одговара и погонот, каде што е соработувано со германските специјалисти Мета. Со цена од 33.900 евра, БАИК го нуди овој СУВ таму каде што купувачите релаксирано го избираат својот автомобил. А, тоа значи, треба „само“ да ги убеди.
Тоа му е најлесно на моделот по којшто БАИЦ ќе биде најпрепознатлив: Класично стилизиран теренски автомобил БЈ 40 Плус, со дволитарски бензинец. Производителот го рекламира како „Добар баланс меѓу градот и дивината“. Цена: 49.500 евра. Минутите што му припаѓаат на „џипот“ во видеото што е снимено на свеченоста, со напомена дека БАИК има историско право да понуди ваков модел, сведочи за одушевувањето што го предизвикува истото.
Аутомедиа им посакува среќна работа на БАИК на македонскиот пазар.















