Кинеските производители на автомобили им распослаа црвен тепих на новинарите на Ауто Шангај

Премиера на Денза З Концепт на Ауто Шангај 2025

Не зачудува големиот број новинари и инфлуенсери, што се поканети да присуствуваат на салонот во Шангај и што во најголем број досега, пристигнаа од сите страни на светот.

На големиот број настани што посебно ги организираа производителите на автомобили во предвечерието на Ауто Шангај, најголемиот салон на автомобили во Кина, присуствуваа стотици новинари, сместени во луксузни хотели, за да се запознаат со најновите модели на БИД, Зикр и други производители на електрични автомобили во земјата.

Тоа е голема промена во Кина, земја што светот ја познава по строгите критериуми при издавањето визи за новинарите.

Посебно се забележува масовното присуство на новинари од Латинска Америка и од Средниот Исток. Тоа укажува на амбициите на производителите на автомобили да ги освојат овие региони, коишто бележат голем економски развој и соодветно расте побарувачката за електрични авотмобили.

Колку побрзо се освојат нови пазари, толку побрзо ќе се надмине и проблемот со недоволно искористениот капацитет на фабриките за производство на електрични авотмобили во Кина. Се проценува дека годинава ќе бидат продадени 17 милиони возила, наспроти капацитетот на производителите на автoмобили да произведат 36 милиони возила, пишуваат локалните медиуми. Тоа значи дека повеќе од половина од капацитетот на фабриките стои неискористен.

Најпродаваната марка во Кина, БИД, покани околу 150 новинари и инфлуенсери од Латинска Америка, пристигнати од најдалечните краишта, од Ел Салвадор, Парагвај, Еквадор, Чиле и Перу. Оваа весела дружина е угостена во луксузни хотели во Шангај, коишто се наоѓаат покрај брегот на реката Хуанпу, со соби што чинат најмалку 375 долари за едно ноќевање.

За пазарот на електрични автомобили во Латинска Америка се цени дека ќе достигне вредност од 19 милијарди долари во 2030 година. За тоа да се постигне, државата широкоградо дава субвенции и гради мрежа од станици за полнење.

БИД гради фабрика во Бразил, со план во неа да се произведуваат по 150.000 возила годишно. МГ, во сопственост на државната компанија САИЦ Мотор, исто така гради фабрика во Мексико, од каде што ќе го снабдува и пазарот во Латинска Америка.

Инфлуенсерите се главни. Со нивните весели видеа и бројни објави по друштвените мрежи, што масовно ја привлекуваат публиката, јутјуберите и блогерите ги убедуваат гледачите во квалитетот и во моќта на марките што ги прикажуваат.

Форест Џоунс, автомобилски критичар со 3,2 милиони следбеници на Јутјуб, е само еден пример за профилот на инфлуенсерите што присуствуваа на настанот за медиуми, што марката Зикр го организираше на покривот на прочуениот Фермонт Пис Хотел. Тој е прочуен по своите објави за секакви видови автомобили, од јапонски микро-автомобили, до тешки СУВ. Неговите видеа од кинеските ЕВ привлекоа стотици илјади прегледи, за функции и детали што не може да се сретнат во моделите на европските, јапонските и корејските производители.

Џоунс не се сомнева дека купувачите во САД ќе бидат заинтересирани да купат кинески ЕВ, откако ќе се уверат во нивната противвредност. „Тие сигурно ќе бидат за“. Единствено е проблем тоа што кинеските ЕВ нема да допрат до САД, поради казнените царини што ги воведе Трамп.

Гостопримството кон странските новинари и инфлуенсери не мина незабележано од локалните медиуми. Жанг, кинески инфлуенсер што не сакаше му да се спомнува целото име, посочува дека најголемиот број од забелешките на неговите колеги за привилегираниот третман на странските новинари се должи на фактот што тие биле преценети во минатото.

„Не треба да претставува проблем тоа што кинеските автомобилски компании плаќаат за хотели или превоз,“ кажува Жанг. „Инфлуенсерите треба прво да ѝ служат на својата публика и да помогнат јавноста да направи подобар избор при купувањето автомобил.“

Феликс Хамер, самопрогласен фанатик за електрични автомобили, кој објавува блог за неговите патувања со ЕВ, пристигна од Амстердам, за да ги дознае најновите технологии за брзо полнење. Тој се пошегува дека европските производители не сакаат да му платат ниту авионска карта до Португалија.

Кинеските добавувачи исто така стануваат свесни за објавите во медиумите и од инфлуенсерите. КАТЛ, најголем производител на батерии за ЕВ во светот, покани стотици новинари во магацин во Шангај за да ги прикаже своите иновации на првиот Ден на Технологијата во историјата на компанијата.

Видеото од тестот на Еолус Мејџ

[the_ad id=”85764″]

Претходна објаваПостигнат Милион · „Актуелната Opel Corsa Апсолутен бестселер“
Следна објаваКомпактните СУВ се главни двигатели на продажбата во Европа во првото тромесечје

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here